20:39 - 19 декември, 2025

Апасиев бара Ковачевски да одговори под кои услови „човек” фирми добиваат милионски тендери за струја?

Поради високата цена на електричната енергија на слободниот пазар, сите државни и јавни претпријатија, како и школи, општини и други институции се пред финансиски колапс, предупредува Левица и бара премиерот Димитар Ковачевски да одговори на неколку прашања поврзани со енергетската криза.

Партијата на Димитар Апасиев реагира и откако министерот за животна средина Насер Нуредини информира дека напреднала постапката за издавање на концесија за изградба на ХЕЦ „Чебрен“, во јавно-приватно партнерство со АД ЕСМ, потег со кој според нив, дополнително се поткопува самостојноста и независноста на Македонија.

Левица смета дека локацијата која се дава на странски инвеститор е последната сериозна позиција за изградба на рентабилна хидроцентрала и истата е од суштинско значење за електроенергетскиот систем на државата.

„Во неколку наврати, политичката партија Левица апелираше да се прекине со оваа постапка и државата самостојно да го изгради овој електроенергетски објект, бидејќи давањето на оваа локација на странски инвеститор, под плаштот на јавно приватно партнерство, е рамно на национално предавство. Во време на енергетска криза, отуѓување на секој потенцијал за државно производство на електрична енергија е дело против државноста и самостојноста на Македонија. Владата на Ковачевски наместо да ги превенира последиците од енергетската криза која ни следи, упорно го крчми нацоналното богатство на Македонија и го празни државниот Буџет, под изговор дека ги санира последиците од недостатокот на електрична енергија и природен гас“, се вели во реакцијата.

Левица побара премиерот Димитар Ковачевски да одговори на следниве прашања:

1. Што санираа и превенираа во однос на енергетската криза во овие две години, а за тоа до крајот на годината ќе потрошат скоро една милијарда евра народни пари, вклучително и поскапувањето на струјата за граѓаните?

2. Поради високата цена на електричната енергија на слободниот пазар, сите државни и јавни претпријатија, како и школи, општини и други институции се пред финансиски колапс.

Истите тие купуваат електрична енергија од приватни компании, а трошат буџетски пари.

Зошто ЕСМ Трговија, во сопственост на ЕСМ, односно државата, не учествува на тендерите на овие институции со пониска цена од приватните компании, како во случајот со Универзалниот снабдувач, со што буџетските пари ќе се вртат во државни компании и државата ќе има можност да ги помага преку субвенционирана струја своите институции?

3. Зошто во време на енергетска криза, кога цените на електричната енегија достигнуваат и до 800 евра за мегават час, дозволува раскинување на договорите со електраните кои користат повластена тарифа, а цената на таа енергија е околу 100 евра за мегават час – кога се знае дека години на назад истите тие профитираа на грбот на граѓаните кога на пазарот просечната цена на струјата беше под 50 евра, додека истите наплаќаа по гарантираната цена од околу 100 евра за мегават час?

4. Како и под кои услови „човек” фирми стануваат главни добавувачи на државната ЕЛЕМ (ЕСМ) и ги добиваат сите милионски тендери за увоз на струја, мазут, јаглен и тн.

„На овие и на ред други прашања, сакале или не, Ковачевски и неговите министери ќе мора да одговорат, а дали тоа ќе се случи сега или пред судовите после промената на власта, тоа ќе покаже времето и резултатите на следните избори, вели Левица во реакцијата.

Слични објави

Мегапопуларниот пејач со сопругата и децата се вселува во нова куќа: Слоба Радановиќ и Јелена поставија 3 елки и голема ѕвезда пред својот дом

E.A.

Ќерката на Дино Дворник по долги години ја откри семејната тајна: : „Татко ми се враќаше дома без пари, станот беше распаднат“

E.A.

Конечно призна! Еве што Јелена строго им забранува на своите ќерки, особено на Атина – ова ќе ги шокира сите

Еспресо

(Фото) Сопругата на Милош Биковиќ сподели бајковита сцена: Синот Василиј ужива во новогодишната магија во домот

Еспресо

(Видео) Нивес Целзиус реагираше на гласините за романсата со хрватскиот фудбалер и го именуваше, еве што вели таа

Еспресо

Луна Ѓогани се огласи откако сопругот Марко заврши во полиција

Еспресо
Се вчитува....