11.8 C
Скопје
18:57 - 10 март, 2026

18 милијарди евра за Украина – ова е предлог пакетот на Европската комисија

Европската комисија (ЕК) објави детали за пакетот економска поддршка од 18 милијарди евра за Украина во наредната година.

Сепак, овој предлог пакет ќе треба да го одобрат земјите-членки на ЕУ. Некои од нив беа воздржани во однос на прашањето дали треба да се преземе одговорност за растечкиот долг на Украина, но Европската комисија смета дека првата исплата ќе се случи во јануари.

ЕУ ќе му испраќа на Киев 1,5 милијарди евра месечно во форма на 35-годишни заеми, со камати покриени од ЕУ, за поддршка на украинската влада во борбата против руската инвазија.

„ Новиот финансиски пакет за Украина е во време кога и е потребно на земјата, бидејќи немилосрдните напади на Русија продолжуваат да ја уништуваат клучната инфраструктура“, изјави  Валдис Домбровскис, потпретседателот на Комисијата.

ЕУ  испрати 4,2 милијарди евра финансиска помош за Украина оваа година и планира да плати уште 2,5 милијарди до крајот на овој месец.

Меѓународниот монетарен фонд проценува дека на Киев следната година ќе му требаат меѓу три и четири милијарди евра месечно, поради руската инвазија.

 

Слични објави

(Фото) Видно ослабена: Голема промена кај пејачката Наде Талевска

Еспресо

Древното пророштво на Нострадамус и модерната војна: „Ќе се подигне голем рој пчели“

Еспресо

(Фото) Жељко Самарџиќ пее на „Кнез Михајлова“ – минувачите зачудено го гледале!

Еспресо

Астро совети за секој хороскопски знак: Како најдобро да ја искористите енергијата на ѕвездите

Еспресо

Сопругата на Дарко Лазиќ бесно возврати: Државата не ни го плати ниту одморот, ниту враќањето од Малдивите!

Еспресо

Јаков Јозиновиќ по скандалот со откажаниот концерт на Цецински: „Ние продолжуваме да шириме љубов“

Еспресо
Се вчитува....