11:33 - 8 април, 2026

Здрава салата, лесна, а брзо заситува (РЕЦЕПТ)

Во топлите денови, лесната вечера е најдоброто решение за да избегнете стомачни тегоби во текот на ноќта.

Летото е одлично поради достапниот зеленчук, а вкусот на оваа салата ќе направи да ви биде омилена во текот на целата сезона.

Состојките се нискокалорични, па е одлична и за оние кои се на диета.

Состојки:

Една конзерва туна
Едно јајце
100 гр сварен наут
100 гр обарена зелена боранија
Два домата
Зелена салата по избор (марула, рукола, зелка…)
Маслинки
Еден мал кромид
Сол, бибер, масло и оцет

Подготовка:

Сите состојки измешајте ги во сад, а туната додадете ја последна. Зачинете според вашиот вкус, а најгоре ставете го свареното јајце исечено на помали парчиња.

Вкусот можете да го збогатите со тостирани семки или семиња.

Слични објави

Велигденска чоколадна торта

Т.Ц.

Луди сте по чоколадо? Тогаш мора да ја посетите европската престолнина на овој деликатес

Т.Ц.

Мали трикови за беспрекорно варени јајца за Велигден

Т.Ц.

Идеален десерт за Велигден – рецепт за Баскиска торта од сирење што го освои светот, иако е изгорена

Т.Ц.

Најдобар рецепт за солени фритули со јогурт – совршени се како ужина или прилог

Еспресо

Предлог за ручек: Полнети компири со мелено месо и кашкавал

Еспресо
Се вчитува....