01:07 - 12 април, 2026

Време е за ручек: Полнети домати

Класичните полнети пиперки, заменети ги со нашиот нов предлог рецепт. Дали сте пробале полнети домати? Доколку не сте ги пробале, мора да го сторите уште денес. Вкусни и супер сочни, едноставно вистинска експлозија од вкусови. Ви го откриваме „тајните“ состојки и магичниот рецепт.

Состојки:

– 500 г мелено месо
– 12 домати
– 1 главица кромид
– 1 морков
– 1 филџан ориз
– 2 лажици ајвар (по желба)
– 200 мл сок од домати
– сол и црн пипер
– масло

Подготовка:

Оризот сварете го да омекне. На масло испржете ги сечканиот кромид и морковите, па додајте го меленото месо. Зачинете со сол и црн пипер и пржете додека биде готово. При крај на пржењето додајте ги ајварот и оризот, па измешајте. Со ова наполнете ги доматите што сте ги исчистиле од семето и наредете ги во чинија за печење. Ако ви остане фил, распоредете го меѓу доматите, заедно со исчистената средина од нив. Попрскајте со масло и печете ги во рерна загреана на 200 степени, 15-ина минути.

Слични објави

Како правилно да ги негувате хортензиите за да цветаат цело лето

Т.Ц.

Велигденска чоколадна торта

Т.Ц.

Луди сте по чоколадо? Тогаш мора да ја посетите европската престолнина на овој деликатес

Т.Ц.

Мали трикови за беспрекорно варени јајца за Велигден

Т.Ц.

Идеален десерт за Велигден – рецепт за Баскиска торта од сирење што го освои светот, иако е изгорена

Т.Ц.

Најдобар рецепт за солени фритули со јогурт – совршени се како ужина или прилог

Еспресо
Се вчитува....