8.8 C
Скопје
19:25 - 31 март, 2026

Вкусови што се памтат: Грчка кујна – Галотопита (РЕЦЕПТ)

Youtube

Многу риба, морски плодови, суфлаки, фета сирење, грчка пита и многу слатки десерти ја карактеризираат грчката кујна. Свежите производи, употребата на ароматизирани растенија и зачини, маслиновото масло и едноставноста се основни карактеристики на грчката кујна.

За денес би претставуваме еден многу едноставен рецепт, а тоа е популарната грчка млечна пита – Галатопита.

Состојки:

– 600мл млеко
– 130гр гриз
– 100гр шеќер
– 1 ванила
– малку цимет
– 50гр путер
– 3 јајца

Подготовки:

Во подлабок сад на оган се ставаат млекото, гризот, шеќерот, ванилата, путерот и циметот. Се варат на потивок оган додека не се добие убава густа смеса.

Кога смесата ќе ја добие потребната густина се остава убаво да се излади.

Во подлабок сад за матење се матат 3 јајца со маталка, а во нив постепено им се додава претходно изладената смеса. Се мати подолго додека смесата убаво не се изедначи со јајцата.

Загрејте ја рерната на 160 степени. Земете тркалезен сад за печење кој претходно убаво ќе го измачкајте со путер.

Во калапот ја истурате смесата и печете 40 минути додека питата не фати убава златна кора, а потоа само исклучете ја рерната и оставете ја питата уште 10 до 15мин во неа.

Многу важно во овој рецепт е што за време на печењето не се отвара рерната.

Откако Галотопитата потполно да се излади се служи по желба наросена со малку шеќер во прав и цимет.

Добар апетит!

Слични објави

Најдобар рецепт за солени фритули со јогурт – совршени се како ужина или прилог

Еспресо

Предлог за ручек: Полнети компири со мелено месо и кашкавал

Еспресо

Сака сенка, но не поднесува вишок вода – како правилно да ја одгледувате бегонијата?

Еспресо

Италијанскиот „град со две мориња“ е хит на Тикток: „Не би сакале да станеме Чинкве Тере, бидејќи тоа би ја уништило автентичноста на градот“

Еспресо

По повод Светскиот ден на вафлите, ви носиме рецепт за совршено крцкав и мек десерт

Еспресо

Рецепт за превкусни посни шпагети со доматен сос

Еспресо
Се вчитува....