5.8 C
Скопје
01:54 - 1 април, 2026

(ВИДЕО/РЕЦЕПТ) Крцкави пилешки крилца со сос од портокал

СОСТОЈКИ:
За пилешките крилца:
– 1,5 кг пилешки крилца
– 1 лажица масло
– 1 лажичка сол
– 1/2 лажичка црн пипер
За сосот:
– 100 г мармалад од портокал
– 60 мл соја сос
– 1 ½ лажичка сусамово масло
– 1 ½ лажичка маслиново масло
– 2 чешниња толчен лук
– 1 лажичка рендан свеж ѓумбир
– 2 ½ лажички сечкано црвено луто пиперче

ПOДГОТОВКА:

Измијте ги и исчистете ги крилцата, па оставете убаво да се исцедат од водата. Префрлете ги во голем сад, додајте ги зачините, измешајте добро да се залепат состојките за крилцата, па потоа ставете ги на плех покриен со хартија за печење. Ставете ги да се печат во рерна загреана на 200 степени, 45-50 минути. Извадете ги готовите крилца и ставете ги во сад. Ставете ги двата вида масло во сад и на средна температура да се загреат. Додајте ги лукот и ѓумбирот, па мешајте околу 3 минути да се пржат на тивко. Додајте ја сечканата пиперка и мармаладот, промешајте, па додајте го соја сосот. Гответе на средна температура со повремено мешање, околу 5 минути. Прелејте ги крилцата со сосот, промешајте малку и послужете веднаш.

Во продолжение погледнете уште една варијација на рецептот

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....