23:05 - 5 април, 2026

Трикови кои секоја домаќинка треба да ги знае

Овие совети и трикови ќе ви го подобрат и олеснат секојдневното искуство кога станува збор за готвење и снаоѓање со храна.

Плескавица

Ако оставите отпечаток од палецот на меленото месо обликувано за плескавица, ќе се испржи сплоснато, а не како топка.

Свежа салата

Зелените салати одржете ги свежи така што ќе ги завиете со хартија и ќе ги ставите во затворена ќеса. Вака ќе останат свежи подолго време во фрижидерот.

Варење тестенини за неколку минути

Еден час пред да сакате да почнете да ги готвите тестенините, ставете ги да покиснат во сад во вода. Кога ќе дојде време за вечера, ставете ги тестенините во вода што врие и буквално за 2-3 минути ќе бидат спремни за јадење.

Лажица против претекување
Кога варите нешто во отворено тенџере, ставете долга лажица преку тенџерето. Ова ќе создаде пречка за меурчињата, кои ќе пукнат, а нема да можат да нараснат и да претечат надвор од тенџерето.

Замрзнат путер
Путер директно од фрижидер е мака што има решение. Наместо да пробате да го исечкате или намачкате, изрендајте го. Вака многу полесно и побрзо ќе се омекне и ќе биде подготвен за употреба.

Лепче и колачиња
Ставете парче свеж леб во кутијата или теглата со колачи – ова ќе ја одржи нивната свежина.

Слични објави

Луди сте по чоколадо? Тогаш мора да ја посетите европската престолнина на овој деликатес

Т.Ц.

Мали трикови за беспрекорно варени јајца за Велигден

Т.Ц.

Идеален десерт за Велигден – рецепт за Баскиска торта од сирење што го освои светот, иако е изгорена

Т.Ц.

Најдобар рецепт за солени фритули со јогурт – совршени се како ужина или прилог

Еспресо

Предлог за ручек: Полнети компири со мелено месо и кашкавал

Еспресо

Сака сенка, но не поднесува вишок вода – како правилно да ја одгледувате бегонијата?

Еспресо
Се вчитува....