20:43 - 30 јануари, 2026

(РЕЦЕПТИ) ОД МАТКА ФАРМ: Како да направите совршени маринирани јајца од препелица

Јасмин, Ласа и Уран го напуштија Скопје и на Матка ја основаа нивната фарма „Матка фарм“, лоцирана на место кое е идеално за одгледување на животни. Oттаму споделуваме со вас два рецепта кои несебично ни ги откри Јасмин.

Уран, Јасмин и Ласа, фото- приватна архива

Маринирани јајца од препелица

– Моето долгогодишно живеење во Кина ми донесе многу искуства од различни аспекти, меѓудругото, ја прифатив и почнав да ја практикувам здравата традиционална кинеска кујна во своето лично мени. Една од тие посластици се маринираните јајца од препелица на кинески начин, ни откри Јасмин.

За да направите маринираните јајца од препелица на кинески начин со соја сос и црн чај потребни ви се 17 сварени и излупени јајца од препелица (за полесно да се лупат, не треба да се посвежи од 4 дена).

За тегла од 370 мл: оцет балсамико, шеќер, црн чај, соја сос, каранфилчиња, свеж ѓумбир и, може не но мора, ѕвездест анис.

Подготовка: 

Се вари црниот чај, се додава малку шеќер и малку свеж ѓумбир исечкан на ситни коцки (не ставајте многу бидејќи ѓумбирот има интензивен вкус). При крај на варењето ги додавате останатите состојки во чајот, по ваш вкус. Теглата претходно ја полните со варените јајца од препелица и преку неа ја преливате маринадата. За подолго да траат, теглите сварете ги полни во тенџере. По вриењето, се намалува огинот и се варат уште половина час, се вадат, се превртуваат со капакот надолу, се покриваат и така да се остават додека сосема не се оладат.

приватна архива
приватна архива
приватна архива

Ориентални маринирани јајца од препелица

– За вториот рецепт најверојатно е виновен мојот арапски ген (во позитивна смисла), каде што ги користам куркумата, шафранот, карито, кардамонот како главни состојки, кои на Ориентот се во секојдневна употреба.

За една тегла од 370 мл. потребни се: 17 варени и излупени јајца од препелица, куркума, кари, шафран, кардамон (може, ама не мора), шеќер, сол, оцет, вода, црн бибер во зрно, зрнца сенф.

Подготовка: 

Се вари оцет, вода, шеќер и сол по вкус. Кога ќе почне да врие, се гаси оганот и се додаваат останатите содржини. Маринадата се прелива преку варените јајца во тегла.

 

 

 

Слични објави

Босанац купил стан од Вики Миљковиќ: Тој има една од најскапите вили во Белград, сега стана сопственик на уште една недвижност

Еспресо

Ја пронајде својата среќа: Харис Џиновиќ има нова партнерка која е 20 години помлада од него

E.A.

Даваше, а и уште ќе дава: Харис Џиновиќ ја заборави Мелина, сега си „бркна“ 20 години помлада

Еспресо

(Фото) Најжешкото издание досега: Јована Јеремиќ позира во чипкан градник и мрежести хулахопки

Еспресо

(Фото) Изгледа 20 години помладо: Кристина Агилера позираше топлес на Модната недела во Париз

Еспресо

(Фото) Ален Исламовиќ годишно заработува 50.000 евра само од ова: Вака изгледа луксузната вила со базен, тениско игралиште и плантажа со лешници

Еспресо
Се вчитува....