13.8 C
Скопје
17:11 - 25 април, 2024

НАЈЧУДНИТЕ ПРОФЕСИИ ВО СВЕТОТ: Инспектор за чипови, проценувач на здив, среќолог

девојка

Доколку ви е здодевно на вашата работа и размислувате за промена во кариерата, можеби ќе ви се допадне едно од овие необични занимања. Можеби ќе сфатите дека сте навистина подготвени за промена или пак ќе видите колку сте среќни на моменталната работа, пишува „SDM“.

Проценувач на здив

Проценувачот на здив има задача да го процени таканаречениот „утрински здив“ или „здив расипан од силни мириси“, како што се кафе, кромид и лук. На скала од еден до девет, се оценува кој здив е најлош. Таквите луѓе обично работат за компании кои произведуваат низа производи за стоматолошка и орална нега (течности за уста, гуми за џвакање, итн.). Во случај на гуми за џвакање, на пример, испитаниците дуваат во проценителот со својот најлош утрински здив, а потоа го повтараат истото, но со гуми за џвакање во устата.

девојка

Проценувач на мирис под пазуви

Самото име на оваа професија кажува се. Во описот на работата е вклучена проценка на мирисот под пазувите во сите ситуации кои вклучуваат потење и тестирање на различни дезодоранси, антиперспиранти и слични производи.

Прво се проценува оригиналниот мирис што се излачува со потење, проследено со примена на дезодоранс или некое друго средство, па се проценува мирисот или отсуството на мирис предизвикан од потење.

Супервизор за симулација на коса

Не, тоа не е уметничко име за производител на перика, но тоа е многу добро платена професија. Станува збор за цртање коса во тродимензионален формат. Во светот на анимацијата, оваа професија е исклучително барана.

девојка змија

Молзач на змии

За разлика од сличната, но помалку опасна работа како што е молзењето крави, молзењето отровна змија е исклучително опасна, но ценета работа. Молзачите на змии го земаат отровот, кој се користи во производството на серум против каснување од змија.

„Акушерка“ за крави

Станува збор за ветеринарни специјалисти задолжени за вештачко оплодување на кравите. Описот на работното место вклучува рачна имплантација на сперматозоиди што е можно подлабоко во самата крава и е тесно поврзана со друга професија – мастурбатор на бикови.

пливач

Пливач во Антарктикот

Тестирање на човечката издржливост на температури на водата што обичните смртници не можат да ги издржат. Една од нив е Лин Кокс, која со години плива исклучиво во ледени мориња, како дел од студијата за реакцијата на човечкото тело на екстремен студ. Но, тоа не е се, таа мора да се „бори“ со поларни мечки и огромни медузи.

Психолог и среќолог

Ова занимање може да личи на описот на работата на циркуски кловн, но нема никаква врска со тоа. Д-р Стивен Вилсон, овластен психолог и среќолог, ги учи луѓето како да се смеат. Во денешниот свет, каде што речиси сите изгубивме контакт со себе, д-р Вилсон им помага на луѓето да влезат во себе и да најдат вистинска смеа и среќа. Смеењето е слично на она од детството, но ние сме го заборавиле – помага во релаксација и го отстранува стресот и знаците на стареење.

тампони

Тестер на тампони

Ја проверува апсорпцијата и јачината на конецот за тампоните, во согласност со прописите на американската ФДУ. Сите големини на тампони се проверуваат, а еден тестер може да ја провери исправноста за околу 125 тампони дневно.

Инспектор за чипс

Овие инспектори го проверуваат чипсот на подвижната лента во потрага по примероци што загореле, напукнале или на кој било друг начин не ги исполнуваат стандардите за производство. Љубителите на чипс можеби им завидуваат за ваквата работа, но што ако треба да го правите ова четириесет часа неделно четириесет години?

барби

Дизајнер на облека за барбики

За оние кои ја чекаат својата шанса во вистинскиот моден свет, создавање облека за омилените кукли дефинитивно е добро платен почеток. Планетарно популарната Барби е исклучително посветена на модата, токму поради целиот тим дизајнери кои се грижат за нејзиниот имиџ.

Окуларист

За разлика од офтамолозите кои се занимаваат со човечки очи, окуларистите се занимаваат со цртање очи. Иако звучи едноставно, воопшто не е , бидејќи вештачките очи многу често мора да изгледаат реално, а уметниците велат дека ниту еден пар очи не е точно ист.

тоалети

Чистач на подвижни тоалети

Иако можеби не е најчудно во светот, секако е тешко затоа што бара работа со човечки измет на автопати, концерти и слични прилики каде се користат мобилни тоалети. И самите сигурно сте ја виделе чистотата и/или ужасната нечистотија на таквите простори, па можете да замислите како изгледа чистењето и празнењето на овие тоалети.

Слични објави

(Фото) Црна позадина, без зборови: Поранешниот сопруг на покојната водителка Бојана Јанковиќ занемен од тага и болка

Еспресо

Сеќавање на Велибор Џаровски-Џаро: „Животот е едно големо зезање“

еспресо

Откриени детали од судењето на Гоца Тржан и Маја Николиќ: Пејачката е подготвена за војна со инфлуенсерката

jasmina.kantardzieva

(Фото) Мина го покажа лицето на синот што го доби со Амиџиќ: Тој е плод на најголемата љубов што сум ја почувствувала во животот

Еспресо

(Видео) Вељко го исполни ветувањето: Расплакана Цеца му шепна емотивни реченици на синот по мечот

Еспресо

Канје Вест се впушта во порно бизнис, отвора студио: Советничка му е ексљубовницата на Трамп,Сторми Даниелс

еспресо
Се вчитува....