05:08 - 7 април, 2026

(РЕЦЕПТ) МАРТИНА НИ НАПРАВИ ПОСНИ БУРГЕРИ: И петок е ден за бургер

Нашиот тим започна соработка со една посебна, прекрасна мајсторка во кујна – Мартина Трајаноска.

Шармантната Мартина стои зад превкусните рецепти пласирани на инстаграм-профилот (martinascooking).

Готви од мали нозе, а со текот на годините и искуството научила дека најважна состојка во секое јадење е – љубовта.

Денес Мартина ни направи одличен и највкусен посен бургер со плескавици од зеленчук, салата, хумус и посен кашкавал.

приватна архива

 

Потребни состојки за бургерот:

  • Бургер лепчиња
  •  Салата (марула/домат)
  •  Хумус
  • Посен кашкавал
  • Плескавици

 

View this post on Instagram

 

Shared post on

 

 

 

 

Потребни состојки за плескавиците:

  • 1 тиквица
  • 1 мал морков
  • 1 кромитче
  • 1 компир
  • 1 лажичка пециво
  • 2 лажици масло
  • 2 лажици брашно
  • зачини

Подготовка на плескавиците:

Изрендајте ги тиквицата, компирот и морковот, зачинете ги и оставете ги кратко да постојат. Потоа исцадете ја водата, додадете го сецканото кромитче и останатите состојки. Јас од зачини ставив сол, бибер, буковец, сув магдонос, лук во прав и мешан сув зеленчук. Оформете 4 плескавици и наредете ги во плех со хартија за печење. По желба наросете сусам и печете ги во загреана рерна на 180 С околу 20-30 минути. Дури се топли ставете им по едно парче посен кашкавал.

 

View this post on Instagram

 

Shared post on

 

Подготовка на бургерот:

На бургер лепчињата намачкајте сос/намаз по избор, јас ставив хумус. Ставете лист марула, плескавицата, парче домат и преклопете.

Слични објави

Данијела Мартиновиќ одбележа четири години љубов: „Се заљубивме на Велигден“

Еспресо

Која е тајната на успехот на Јаков Јозиновиќ, новиот глас на љубовта во регионот кој за неколку дена ќе настапи во Скопје

Т.Ц.

Милица Тодоровиќ ѝ го честиташе роденденот на мајка си: Сподели емотивни моменти од семејниот дом

Еспресо

(Видео) Теа Таировиќ е бремена? – Пејачката изведе „жесток“ танц, но нејзиниот стомак на сите им падна во очи

E.A.

(Видео) Посебна почит: На гробот на Шабан Шаулиќ оставена златна крунa со скапоцени камења

Еспресо

Крај на шпекулациите: Неда Украден откри дали била во врска со Тони Бијелиќ

Еспресо
Се вчитува....