14.8 C
Скопје
14:21 - 3 мај, 2024

(РЕЦЕПТ) ГОТВИМЕ СО ТЕА: Динстани телешки котлети со сос, во комбинација со пире и спанаќ

готвиме со теа

Започнавме убава соработка со една врвна готвачка која секое јадење го претвара во магија од вкусови – Теодора Георгиевска.

Оваа извонредна мајсторка и една од највлијателните готвачки на социјалните мрежи кај нас, стои зад бројните рецепти кои ги објавува на профилот „Готвиме со Теа“ – „gotvime.so.tea“.

(РЕЦЕПТ) ГОТВИМЕ СО ТЕА: Карамелизиран печен копан со надкопан во карамел од калинка и портокал

А денес Теа ни подготви динстани телешки котлети со сос, во комбинација со пире и спанаќ.

„Толку се меки, сочни и вкусни што ќе ги обожава целото семејство“, вели Теа.

Потребни состојки:

  • 1 кг телешки котлети
  • 300 гр свежи печурки
  • 3 чешниња лук
  • 1/2 корен од целер
  • 3 моркови
  • 1 лажица брашно
  • 200 мл вода
  • 50 мл бело вино
  • 2 лажици масло
  • зачин по желба
  • сол и бибер по потреба

(РЕЦЕПТ) ГОТВИМЕ СО ТЕА: Американската класика Mac&Cheese – кремасти потпечени макарони

За гарнир:

  • 400 гр спанаќ
  • 2 чешниња лук
  • 3 компири
  • 2 марокови
  • 100 гр тиква
  • 50 мл млеко
  • зачин по желба

(РЕЦЕПТ) ГОТВИМЕ СО ТЕА: Лазања – Уживајте во прекрасните вкусови на Италија

Начин на подготовка:

Котлетите ставете ги во експрес лонец заедно со маслото и пржете ги додека да добијат боја од двете страни. Потоа додадете ги морковите исецкани на кругчиња, коренот од целер исецкан на парчиња, ликчето исечено на половина и печурките исецкани. Кога ќе почнат да се пржат, додадете зачин по желба, бело вино и 200 мл вода. Затворете го експрес лонецот и оставете го на ниска температура 30 минути. Во меѓувреме подгответе ги пирето и спанаќот. Излупете и исецкајте ги на коцки компирите, морковите и тиквата и ставете ги да се варат. Откако ќе се сварат испасирајте ги, додадете зачин по желба, млеко и измешајте. Во тенџере на оган ставете вода да се загрева. Кога ќе почне да врие додадете ги спанаќот и лукчето и оставете го спанаќот 2 минути. Потоа прецедете ја водата и измијте го спанаќот со ладна вода. Откако ќе се издинста месото, течноста од тенџерето префрлете ја во тавче и додадете 1 лажица брашно. Убаво измешајте и оставете го сосот убаво да се згисне. Сервирајте го месото во чинија полиено со сосот, во комбинација со пире и бланширан спанаќ. На здравје и уживајте!

П.С. Доколку немате експрес лонец, динстајте го месото во обично тенџере 2 часа на ниска температура и додадете дополнително уште 100 мл. вода.

Слични објави

„Немојте да раѓате деца и…“: Сопругата на Огњен Амиџиќ упати порака и покажа како изгледа

Еспресо

Велигден кај Бреговиќ: За сите по нешто

еспресо

Велики петок: Што (не)треба да се прави на овој ден

еспресо

Промени на добро: Три хороскопски знаци се среќлии на месец мај

еспресо

„Зошто браќа?“: На Јелена Карлеуша откажан ѝ е настап во Црна Гора

еспресо

Џина Џиновиќ повеќе не може да молчи: Јавно се закани, хаос во вилата во Сењак

Еспресо
Се вчитува....