10.8 C
Скопје
12:00 - 28 март, 2026

Предлог за ручек: Полнети компири со мелено месо и кашкавал

СОСТОЈКИ:
– 1 кг компири
– 500 г мелено месо
– 200 г доматен сос
– 1 главица кромид
– 1 морков
– 100 г кашкавал
– зачин по желба

ПОДГОТОВКА:
Компирите убаво измијте ги и пресечете ги на половина. Издлабете им ја внатрешноста, но не ја фрлајте и потопете ги во ладна вода. Во тава со малку масло ставете ги исечканиот кромид и морков и пропржете ги, па додајте им го меленото месо и убаво промешајте. Зачинете, па во месото додајте ја внатрешноста од компирите и доматниот сос, па убаво измешајте. Со ова наполнете ги компирите, наредете ги во тавче и испечете ги во рерна загреана на 200 Целзиусови степени околу 40 минути. Пред крај на печењето посипете ги компирите со рендан кашкавал и оставете да се допечат додека се стопи кашкавалот.

Слични објави

Сака сенка, но не поднесува вишок вода – како правилно да ја одгледувате бегонијата?

Еспресо

Италијанскиот „град со две мориња“ е хит на Тикток: „Не би сакале да станеме Чинкве Тере, бидејќи тоа би ја уништило автентичноста на градот“

Еспресо

По повод Светскиот ден на вафлите, ви носиме рецепт за совршено крцкав и мек десерт

Еспресо

Рецепт за превкусни посни шпагети со доматен сос

Еспресо

Како да ги освежите лалињата во вазна? Градинарка откри добар трик, откако тестирала три методи

Еспресо

Во пресрет на Младенци: Тајната на совршените „младенчиња“ – зошто се прават со мед и каква симболика носат?

Еспресо
Се вчитува....