20:03 - 5 април, 2026

Посни ролнички со младо кромитче

Потребно е:

– 3 врзопи младо кромитче

– 4 лажици ајвар

– 200 мл кисела вода

– масло

– сол, бибер

– кори

Подготовка:

Младото кромитче исецкајте го ситно па испржете го на масло, посолете и забиберете. Раширете ја кората, со четка премачкајте со кисела вода, масло и ајвар и на дното на кората растресете 2 лажици од пржениот кромид.

Завиткајте ги страните и завиткајте во ролничка. И се така до потрошување на материјалот. Премачкајте со кисела вода и масло, може и малку сусам и печете на 200 степени околу 30 минути.

Слични објави

Луди сте по чоколадо? Тогаш мора да ја посетите европската престолнина на овој деликатес

Т.Ц.

Мали трикови за беспрекорно варени јајца за Велигден

Т.Ц.

Идеален десерт за Велигден – рецепт за Баскиска торта од сирење што го освои светот, иако е изгорена

Т.Ц.

Најдобар рецепт за солени фритули со јогурт – совршени се како ужина или прилог

Еспресо

Предлог за ручек: Полнети компири со мелено месо и кашкавал

Еспресо

Сака сенка, но не поднесува вишок вода – како правилно да ја одгледувате бегонијата?

Еспресо
Се вчитува....