15.8 C
Скопје
19:36 - 19 октомври, 2026

По одморот во Хрватска Австријка пронашла 18 скорпии во куферот: „Ќе ги вратиме дома“

Враќањето од одморот во Хрватска секако ќе остане во сеќавање на една жена од Австрија. Како што пренесуваат локалните медиуми, откако се распакувала дома, жената во својот куфер пронашла 18 скорпии.

Тоа се случило минатата сабота во градот Натернбах, Горна Австрија, а жената веднаш стапила во контакт со надлежната служба за контрола на животните.

– Скорпиите веројатно добро би се размножиле во Австрија, но тука не припаѓаат – ѝ рекол службеникот.
Овие мали животни ќе ги вратат во родната Хрватска, од која не е првпат скорпии да пропатуваат илјадници километри.

Како што пренесува Мирор, една жена од Линц на крајот на јуни исто така по враќањето од Хрватска пронашла една скорпија во својот стан. Меѓутоа, таа го забележала дури по три недели.

Како што додаваат, ова е трет пат за помалку од една година некој да „донесе“ скорпии од јадранскиот брег во Горна Австрија.

Слични објави

Новa естрадна војна поради Јаков Јозиновиќ: Јелена Карлеуша ја прозва Милица Тодоровиќ за недостаток на патриотизам

E.A.

„И да дојде Ал Пачино, ќе треба да чека ред да се вработи во театар“: Дритон Вејсели откри дека добил само празни ветувања

Еспресо

Најверната жена во хороскопот — кога еднаш ќе го подари срцето, сака засекогаш

К.С.

(Фото) Елена Најдоски се затекна во Париз за време на немирите: „Едвај чекам да се вратам во Македонија“

К.С.

Дали ја потврди врската со 25 години помладиот Александар? Карлеуша: „Постарите мажи не чинат за ништо“

Еспресо

Цеца целосно ќелава во спот што никогаш не беше објавен: Еве зошто публиката не го виде

Еспресо
Се вчитува....