18:03 - 8 април, 2026

Пченкарна проја со кисели краставички (РЕЦЕПТ)

Состојки:

3 јајца
200 мл јогурт
100 гр брашно
100 гр пченкарно брашно
100 гр палента
100 гр шунка
100 гр сирење
4 кисели краставици
1 прашок за печиво
50 мл масло за јадење

Подготовка:

Најпрвин убаво изматете ги јајцата заедно со јогуртот, а потоа во нив додајте ги сите преостанати состојки и повторно убаво промешајте.
Потребно е шунката, сирењето и краставиците да ги исечкате на ситни коцки, пред да ги ставите во смесата за проја.
На крај, доколку сакате сусам, можете подготвената проја да ја посипете со него.
Вака подготвената проја, печете ја во претходно загреана рерна на 150 степени околу 40 минути.

Слични објави

Велигденска чоколадна торта

Т.Ц.

Луди сте по чоколадо? Тогаш мора да ја посетите европската престолнина на овој деликатес

Т.Ц.

Мали трикови за беспрекорно варени јајца за Велигден

Т.Ц.

Идеален десерт за Велигден – рецепт за Баскиска торта од сирење што го освои светот, иако е изгорена

Т.Ц.

Најдобар рецепт за солени фритули со јогурт – совршени се како ужина или прилог

Еспресо

Предлог за ручек: Полнети компири со мелено месо и кашкавал

Еспресо
Се вчитува....