2.8 C
Скопје
21:09 - 18 декември, 2024

Наталија зготви за вас кремаста и превкусна торта Шарлота, а еве го и рецептот

„Natali Cooking“ е популарна Фејсбук страница зад која стои искусната готвачка Наталија Стиловска. На оваа страница Наталија споделува фантастични рецепти од македонската кујна, но и рецепти од различни кујни од светот. 

– Доколку имате прилика да ја запознаете мојата фамилија, тогаш повеќе од јасно ќе ви биде дека кај нас кога се раѓаш ја наследуваш страста за готвењето. Татко ми е роден во Ташкент, Узбекистан, а мајка ми во Унгарија – може да замислите какви сѐ вкусови се донесени во нашата кујна. Благодарение на нив и нивната позитивна енергија денес повеќе сакам да сум во кујна него било каде. Па, затоа одлучив да се ангажирам професионално и целосно да се изразам како личност. Шансата дојде преку понуда да станам дел од менаџерскиот тим на Шила. Благодарение на тимот на Шила Кофи Шоп, кој постојано и несебично ми дава целосна поддршка, денес работата ми е задоволство, место каде имам целосна слобода за развој на уникатното мени.

Поголемиот дел од техниките за готвење и љубовта кон храната на Наталија ѝ се од фамилијата. Инспирација ѝ се сите околу неа кои вервуваат во она што го работи. Инспирација наоѓа и во одредени личноти од кои дел ги запознала на социјалните мрежи, а кои подоцна ѝ станале пријатели. Како Софка Камилоска, Стојан Далов, Чад Монтано и други.

Готвењето на многумина им го разубавува времето кое го минуваме во изолација, се појави ли поголем интерес за следење на твоите рецепти и готварски предлози во последниве недели? Какви рецепти најмногу се бараат?

– Откако се прогласи ваквата вондредна состојба, сите ние поминуваме доста време дома, особено во кујна. Зголемена е заинтересираноста за користење на социјалните мрежи, а преку нив секојдневно добивам многу прашања за рецепти, насоки и слично. Најчесто периодов, со оглед на тоа што се приближува Велигден,  најголем е интересот за посни рецепти.

Подготвени ли се Македонците да експериментираат со различни вкусови за непцето, слатки-солени рецепти, кисело – лути, и слични, навидум неспоиливи комбинации? Да ни препорачаш една таква „чудна“, а превкусна комбинација?                                               

  Мојот впечаток е дека кај нас повозрасните сè уште се држат до едни исти стандардни и традиционални јадења кои се подготовуваат константно. Но, за разлика од нив помладите благодарение на социјалните мрежи имаат пристап до сѐ поголем број различни рецепти од сите кујни, па така почнуваат да експериментираат, да пробуваат нешто ново и различно. Тоа е нешто што многу ме радува. Јас сум, најверојатно, некаде помеѓу овие две групи. Ја сакам традиционалната кујна, но сакам и да експериментирам и да пробувам ,,чудни’’ комбинации. Ми се допаѓа вкусот на слатко-луто- кислео пилешко кое се приготвува во Кинескиот ресторан како и пржениот сладолед, жешко тесто со внатре топка замрзнат сладолед.

View this post on Instagram

ПИЛЕШКО ВО БЕЛ СОС ОД БАДЕМ И КАЛИНКА Состојки : • 2 парчиња стек • 200 мл хопла • 100 грама бадеми • 100 грама брокула • 50 грама пченка • Копар • 3 лажици маслиново масло • ½ калинка • ½ лажичка сол • ½ лажичка оригано • ½ вегета • 1 лажичка сушен магдонос Време на подготовка : • 30 минути Број на порции ; • Две Начин на подготовка ; • Бадемите ги миеме со ладна вода, ги ставаме во тава на хартија за печење, ги посолуваме. Се печат на 150 степени околу 10 минути. • Во меѓувреме го приготвуваме месото. Го сечиме на мали парчиња, на тој начин ќе биде месото посочно и ќе прими повеќе зачини. • Во длабок сад ги ставаме маслиновото масло, заедно со месото и ½ лажичка сол, ½ лажичка оригано, ½ вегета, копар и 1 лажичка сушен магдонос. Добро промешуваме. Се заедно ставаме во тава да се пропржи на ниска темепратура. Околу десетина минути. • Во меѓувреме настрана приготвуваме на пареа брокула заедно со пченка. Може да кориситите свежа или замрзната брокула. Јас овој пат искористив замрзната. • Кога месото ќе е готово ги додаваме бадемите и 200 мл хопла. Дел од бадемите ги сецкаме ситно а останатите ги оставме цели. Го оставаме на ниска температура околу 5 минути да се згусни хоплата. • Послужуваме на тањир со мешаниот обарен зеленчук , месото во бел сос со бадем и одозгора ја ставаме калинка и копарот . Рецепт за сите вас храбри истражувачи на Добра и вкусна храна. Необична комбинација на вкусови кои ќе ве воодушеви. Добар апетит Натали. • • • #natalicooking #foodblogger #instagood #instafood #blogger #food #foodie #tasty #meat #recipes #chicken #chickenrecipes

A post shared by Наталија Деспотовски (@natalicooking) on

Едукативната забава за децата во овој период многу ни значи. Од која возраст и од кои рецепти препорачуваш да се обидат во кујната?

– Имам многу пријатели на социјалните мрежи кои имаат мали дечиња. Со тоа добивам многу фотографии како дечињата им помагаат во подготвување на мојот рецепт. Ми се допаѓа што родителите сега имаат повеќе време да поминуваат со нив, па им наоѓаат одредена задача со која ќе допринесат за помош во подготовката . Затоа вервувам дека откако детенцето е самостојно и стабилно за седење може да му се дава одредена задача во подготвоката. Колку повеќе ги вклучуваме децата толку повеќе се среќни што родителите поминуваат повеќе време дома. Иако процесот ќе трае подолго, барем ќе биде забавно во овие денови кога недостаток на времето ни е најмал проблем.

Кои зачини се на твојата топ пет готварска листа?

– Кари, оригано, куркума, цимет и каранафилче.

View this post on Instagram

Сте пробале ли некогаш сос од Бадеми ? Има два начини како може да се подготви: • врз хартија за печење на 100 степени ги подпекуваме бадемите околу 15 минути. Потоа цели ги додаваме во месото, заедно се пропржува на маслиново масло па се додава хопла. •вториот начин е дел од бадемите ситно се сецкаат а дел се блендираат. Кога месото е готово се додава хоплата па потоа бадемите. И двата начини се топ, ете предлог за одличен сос за месо или паста ?? • • • #natalicooking #foodblogger #foodblog #food #instagood #instafood #foodie #tasty #almond #meat #lunch

A post shared by Наталија Деспотовски (@natalicooking) on

Велигденските празници се пред нас, би споделила ли со нас рецепт – твој фаворит за велигденската домашна трпеза?  

– Велигденските пости завршуваат, па на трпезата може да се приготви еден од моите омилени рецепти периодов. Кремаста и превкусна торта Шарлота. Тесто потопено во благо млеко, крем од ванила и на крај шлаг.

Време на подготвување 60 минути

Број на парчиња – 16.

                                                                           Состојки:                                                                                               

Тесто

7 белки

7 лажици шеќер

7 лажици брашно

½лажичкапециво

Шербет

250 мл млеко

2 лажици шеќер

1 ванилин шеќер

Фил

7 жолчки

7 лажици шеќер

2 пудинзи од ванила

700 мл млеко

150 гр. шеќер во прав

125 гр. путер

2 паковки шлаг

250 мл млеко

Начин на подготвка

Пред да започнеме со подготовката на тестото, ја вклучуваме рерната на 150 степени. Потоа, во длабок сад се матат седум белки при што се додава 7 лажици шеќер (една по една). Кога добро ќе се изматат белките со шеќерот се додаваат 7 лажици брашно и ½ лажичка пециво. Важно е брашното да се додава постепено. Откако ќе се додаде брашното пополека мешаме со лажица. Целата смеса се става во тава за печење (28), претходно намачкана со масло и наросено брашно. Се пече 20 минути на темепратура од 150 степени.

Јас овојпат печев во округла форма, иако попрактично е во четвртаст калап со тоа што добивате и повеќе парчиња.

Откако тестото ќе се испече го оставаме настрана да се олади. Во меѓувреме го спремаме шербетот. Во тенџере загреваме 250 мл млеко, му додаваме 2 лажици шеќер и 1 ванилин шеќер. Цело време мешаме за добро да се стопи шеќерот. Откако млекото ќе зоврие, со шербетот тестот се попарува. Го оставме настрана тестото да го прими шербетот а во меѓувреме го спремаме филот.

Пред сè ставаме да се зоврие 700 мл млеко, а настрана во длабок сад матиме со миксер 7 жолчки со 7 лажици шеќер, се додаваат 2 пудинзи од ванила. Откако млекото ќе зоврие многу внимателно се додава во жолчките (најдобро е тоа да го сторите со голема лажица, бидејќи во никој случај не смее наеднаш млекото да се истури во жолчките). Го ставаме назад во тенџерето, го враќаме да се свари и постојано мешаме додека не се згусне. Кога кремот ќе биде готов го оставме настрана да се излади.

Во друг сад матиме 125 гр путер со 150 грама шеќер во прав. Кога добро ќе се измати го додаваме постепено изладениот фил. Кога целосно филот ни е подготвен го ставаме врз тестото, на крај завршуваме така што ја премачкуваме тортата со два шлага.

Шлагот го спремив со 250 мл ладно млеко и 2 пакетчиња шлаг во прав. Матите со мискер додека се добие посакуваната густина. Кога шлагот е спремен ја премачкувате тортата. Ја покривате со фолија и ја оставате неколку часа во фрижидер.

 

Слични објави

Село Вишни, духовното гнездо на канонизираната светица Спаса Вишенска: Порта низ која минува душата

еспресо

(Фото) Едно поинакво доживување! Не пропуштајте го рафтингот во Анталија, адреналинско искуство за паметење!

Еспресо

Ново издание на туристички водич за Македонија каде раскажувањето е со љубов

еспресо

(Фото) Ви ги претставуваме Herbalife Pецептите: Вкусно патување кон лесна и здрава исхрана со Herbalife

Еспресо

Украси за елка што се јадат: Миризливи ѕвездички (традиционален германски рецепт)

Еспресо

Брз славски колач за Света Петка: Рецепт што ќе го запомните

Еспресо
Се вчитува....