2.8 C
Скопје
19:59 - 20 декември, 2024

Народен лек – Излекувајте ја уринарната инфекција со семки од лубеница

Народната медицина има решение за голем број здравствени проблеми. Затоа, пред да посегнете по некои лекови, најпрвин обидете се својот здравствен проблем, се разбира со консултација со лекар, но и со нутриционист, да го решите со пиење одредени билни чаеви или со јадење одредени типови храна.

Доколку имате константна потреба од мокрење, а притоа тоа е проследено со боцкање и чувство на нелагодност, но чувствувате и болки во долниот дел од грбот, можеби имате уринарна инфекција или присуство на бактеријата ешерихија коли во мочниот меур. Оваа бактерија е многу присутна во последно време и тоа најмногу кај женската популација.

Но, откако ќе посетите лекар и ќе ви биде посочено дека не станува збор за сериозна здравствена состојба, обидете се наместо со пиење антибиотици или други лекови, проблемот да го решите со природен лек што самите ќе го подготвите.

За подготовка на овој лек, потребни ќе ви бидат 30 семки од лубеница и еден литар вода.

Подготовка:

Во подлабоко тенџере ставете го потребното количество вода и додајте ги семките од лубеница. Оставете ја водата да зоврие, а по поминати 10 минути интензивно вриење, исклучете ја ринглата и почекајте сирупот да се излади. Напитокот процедете го и складирајте го во стаклено шише, кое цело време ќе стои во фрижидер.

Овој народен лек обидете се да го испиете во рок од 10 дена.

Освен што ќе помогне во отстранувањето на бактериската инфекција, овој напиток многу ќе ви помогне и во чистењето на бубрезите и во подобрувањето на нивната функција.

Слични објави

Село Вишни, духовното гнездо на канонизираната светица Спаса Вишенска: Порта низ која минува душата

еспресо

(Фото) Едно поинакво доживување! Не пропуштајте го рафтингот во Анталија, адреналинско искуство за паметење!

Еспресо

Ново издание на туристички водич за Македонија каде раскажувањето е со љубов

еспресо

(Фото) Ви ги претставуваме Herbalife Pецептите: Вкусно патување кон лесна и здрава исхрана со Herbalife

Еспресо

Украси за елка што се јадат: Миризливи ѕвездички (традиционален германски рецепт)

Еспресо

Брз славски колач за Света Петка: Рецепт што ќе го запомните

Еспресо
Се вчитува....