11.8 C
Скопје
14:04 - 30 март, 2026

Може кафе и чаша вода за цвеќето? Недостигот на вода ги принуди жителите на еден европски град да ги полеваат цвеќињата со остатоци од вода што ги оставаат гостите во кафулињата

Рестрикциите поради недостигот на вода на некои места во Европа се толку големи, што во градот Колмар, најдобрата туристичка дестинација во Европа за 2020 година, забрането е да се полеваат цвеќиња. Затоа градоначалникот ја воведе мерката цвеќињата да се полеваат со сите можни остатоци од вода, како онаа што ја оставаат гостите во кафулињата или од растопениот мраз, се со цел да се заштити локалниот екосистем кој зависи од растенијата.

Недостигот на вода не е нешто што може да се случи во иднина, ние веќе го чувствуваме тоа. Топлотните бранови и недостатокот на врнежи во светот и во Европа ги принудија властите на многу земји да го променат начинот на работа со ресурсите како што е водата. Така ограничувањата за користење на вода не се ништо ново, а еден француски регион летово воведе интересно правило.

Имено, Франција со денови се бори со огромни суши, па градот Колмар, поточно неговиот градоначалник, реши да воведе мерка цвеќињата на јавните места да се полеваат со чаши вода што ги оставаат гостите од кафулињата и рестораните. Ерик Страуман, градоначалникот избран пред две години, во објава на фејсбук ги повика сопствениците на ресторани и нивните клиенти да ја истураат целата преостаната и чиста вода во градините и цветните леи во Колмар, со оглед на тоа што во Колмар во моментов има забрана за употреба на вода за наводнување на надворешни површини. Ова ја вклучува водата од садовите за мраз, од бокалите за вода и онаа што се користи за миење зеленчук и овошје. Градоначалникот смета дека тоа ќе помогне да се ублажи состојбата со сушата и да се зачува свежината на зелените површини на Колмар.

Градоначалникот укажа на фактот дека состанокот на одборот за води не помогнал да се промени состојбата и покрај тоа што сите страни „ја разбираат апсурдноста на ситуацијата“, односно на блиската општина, која се снабдува од истиот извор, и е дозволено да наводнува растенија, додека во Колмар тоа е забрането. Затоа, додека се чека одлуката на жупанијата дали ова е легално, тој ги повика мештаните да преземат мерки за заштита на цвеќето во туристичката дестинација. Според градоначалникот, цитиран од локалните медиуми, благодарение на ефикасните техники, на Колмар му требаат само 15 кубни метри вода дневно за да цветаат растенијата, што е занемарлива количина за град со 70.000 жители. Тој дополнително ја истакна важноста на цвеќето за заштита на локалниот екосистем и пчелите.

Слични објави

(Фото) Уна Чолиќ ужива на зимување со десет години постариот партнер

Еспресо

(Видео) Северина и Нина Бадриќ заедно ја испејаа најтажната песна на роденден

msp-admin

(Видео) Елена Велевска: Го спасив семејството од сиромаштија

msp-admin

(Фото) Растеше скромно, со една плата: Ова се родителите на Здравко Чолиќ

Еспресо

(Видео) Се вратив дома по 3 сабајле: Наум Петрески откри што му се случило на настап во Прилеп

Еспресо

(Фото) Копија на татко му: Шестгодишниот син на Вељко Ражнатовиќ ги покажа исклесаните стомачни мускули!

Еспресо
Се вчитува....