13.8 C
Скопје
14:07 - 18 декември, 2024

Морската сол помага кај дури 15 заболувања: Кои се нејзините предности?

Морската сол е здрава и има терапевтски својства, содржи повеќе од 80 состојки кои позитивно влијаат на здравјето, кожата и косата. Доколку досега не сте знаеле за што сè можете да ја искористите, еве неколку идеи:

Кои се предностите на морската сол?
– Морската сол има алкализирачко дејство кое помага во балансирањето на нивото на киселини во телото, со што се елиминира потенцијалниот ризик од фатални болести.
– Морската сол може да го зајакне имунолошкиот систем, а тогаш телото станува поотпорно на разни болести како што се грипот, алергиите и слично.
– Има значајни ефекти на кардиоваскуларниот систем. Научниците докажаа дека редовното консумирање морска сол растворена во вода може значително да го намали нивото на лошиот холестерол во телото. Исто така, го контролира крвниот притисок и го нормализира неправилното работење на срцето.
– Метаболитичките нарушувања како што е дијабетесот, може успешно да се третираат со морска сол, бидејќи таа помага во намалувањето на нивото на шеќер во крвта.
– Повеќе од 20 отсто од натриумот во нашето тело се акумулира во коските, кои пак, се оштетуваат при недостиг на минерали во крвта и телесните течности. Со додавањето на морска сол во исхраната можете да избегнете или, пак, да ја ублажите остеопорозата.
– Морската сол е, исто така, корисна за дишниот систем, а минералите и олигоелементите, како и структурните делови на алгите кои ги содржи морската вода помагаат во заздравување на слузницата. Морската вода има благи антисептички и антибактериски ефекти.
– Морската сол е добар извор на калиум (кој го олеснува функционирањето на мускулните влакна), со што морската сол благотворно дејствува на грчевите.
– Морската сол помага во прочистувањето на крвта. Содржи голема количина витамин Ц кој дејствува како антиоксидант и ги уништува слободните радикали. Токму поради ова, морската сол овозможува детоксикација на клетките на кожата преку апсорпција на сите отровни материи од нив.
– Како што се извлекуваат токсините од телото, кожата станува мека и здрава. Затоа бањата со морска сол може значително да влијае врз кожата. Таквата бања ќе го поттикне и излачувањето на вишокот вода од кожата и сврзното ткиво, со што се спречува собирањето на вишокот течност, така што кожата станува поцврста, добива младешки и здрав изглед.
– Морската сол е полна со витамини и минерали од витална важност за правилната исхрана на клетките. Тие хранливи материи можат да го подобрат метаболизмот, одржувајќи ги ткивата хидрирани, ја поттикнуваат циркулацијата на самата површина на кожата и ја зголемуваат силата на мембраните на самите клетки.
– Калциумот помага во чистењето на затнатите пори на кожата.
– Морската сол е идеална како природен пилинг за кожата, бидејќи нејзината текстура помага при остранувањето на горниот слој на мртви клетки од кожата.
– Морската сол дејствува како природен лек за луѓето кои мака мачат со мрсна коса. Таа помага при апсорпцијата на вишокот масло од вашите влакна при што истите ги прави меки и убави.
– Со помош на мноштвото минерали присутни во морската сол, косата ќе го добие посакуваниот волумен, а вашите кадрици ќе добијат подобар изглед. Морската сол може да им овозможи доволно хранливи материи на фоликулите, со кои косата ќе стане помека и ќе остава многу подобар впечаток.
– Морската сол е одлична во бората против првут, дејствува директно на кожата и го спречува нејзиното исушување.

Слични објави

Село Вишни, духовното гнездо на канонизираната светица Спаса Вишенска: Порта низ која минува душата

еспресо

(Фото) Едно поинакво доживување! Не пропуштајте го рафтингот во Анталија, адреналинско искуство за паметење!

Еспресо

Ново издание на туристички водич за Македонија каде раскажувањето е со љубов

еспресо

(Фото) Ви ги претставуваме Herbalife Pецептите: Вкусно патување кон лесна и здрава исхрана со Herbalife

Еспресо

Украси за елка што се јадат: Миризливи ѕвездички (традиционален германски рецепт)

Еспресо

Брз славски колач за Света Петка: Рецепт што ќе го запомните

Еспресо
Се вчитува....