09:16 - 12 ноември, 2026

Една од најубавите манекенки на светот сподели слики од нејзината раскошна венчавка вредна 500 илјади фунти

Британската манекенка и актерка Кели Брук во јули се омажи за долгогодишното момче Џереми Париси во неговата родна Италија, но сега реши да сподели уште неколку интимни снимки од нивната венчавка.

За специјалниот ден, Кели носеше традиционален бел фустан украсен со тантела во горниот дел, истакнувајќи го раскошното деколте, додека Џереми носеше елегантен темен костум.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kelly Brook (@iamkb)

Церемонијата првично требаше да се одржи на отворено, но неочекуваниот дожд во последен момент ги промени плановите, па младенците, пријателите и членовите на семејството славеа во тврдината Торе ди Цицеро.

-Кели ги покани сите нејзини пријатели, меѓу кои имаше и ѕвезди како Кајли Миног, изјави извор за „The Sun“.

-Церемонијата беше навистина романтична, но Кели потоа сакаше на своето семејство и пријателите да им приреди вистинска забава. Кели знае дека Џереми ѝ е сродна душа и дека тоа ѝ е единствена свадба, па даде сѐ од себе. Сето тоа ја чинеше меѓу 300.000 и 500.000 фунти, но за неа тоа се добро потрошени пари, откри изворот и додаде дека тоа била „венчавката од соништата на Кели“ и дека сè што отсекогаш посакувала сега ѝ се остварило.

Манекенката пред венчавката изјави дека нема да слабее за големиот ден и дека е задоволна од својот изглед.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kelly Brook (@iamkb)

Слични објави

Пет состојки за брз појадок — рецепт за златни погачици од тава

К.С.

Дневен хороскоп за 12 ноември: Пред да прифатите нов договор, проверете дали условите се навистина онакви какви што очекувате

apostolova

Се разбудивте со главоболка? Еве што открива науката за причините и кога треба да побарате помош

К.С.

Ѓоле Ѓогани за почетоците со Слаѓа Делибашиќ: „Не ни помислив дека ќе ми биде сопруга, а од татко ѝ се препортував“

Е.А.

Слобода Миќаловиќ за тајната на 17-годишниот брак со Војин Ќетковиќ: „Луѓето денес го изгубија смислот за љубов, приматот го зедоа парите и социјалните мрежи“

Е.А.

Битка за вилата вредна 1,7 милиони евра – Николина Пишек мора да му исплати стотици илјади евра на свекорот Миша Гроф

Еспресо
Се вчитува....