14:03 - 12 април, 2026

Мафини со смрзнато овошје

Состојки:

300 грама брашно
1 прашок за печиво
малку сода-бикарбона
малку сол
200 грама путер
200 грама шеќер
2 јајца
200 милилитри слатка павлака
100 милилитри млеко
300 грама сврзнато овошје
екстракт од ванила

Подготовка:

Најпрвин вклучете ја рерната на 180 степени и оставете ја да се загрее.

Потоа во подлабок сад измешајте ги брашното, прашокот за печиво, содата и солта. Во друг сад изматете путер и шеќер додека да добиете пенеста смеса. Додајте ги јајцата и ванилата, па продолжете со матење. Додајте ја павлаката и измешајте со лажица.

Во оваа смеса додајте ја мешавината со брашното, а на крај и млекото. Измешајте и кога ќе се изедначи смесата, додајте го и смрзнатото овошје.
Оваа смеса ставајте ја во корпички за мафини. Печете 20 минути.

Слични објави

Стапчиња од лиснато тесто со пармезан крцкави, миризливи и готови за 15 минути

Т.Ц.

Како правилно да ги негувате хортензиите за да цветаат цело лето

Т.Ц.

Велигденска чоколадна торта

Т.Ц.

Луди сте по чоколадо? Тогаш мора да ја посетите европската престолнина на овој деликатес

Т.Ц.

Мали трикови за беспрекорно варени јајца за Велигден

Т.Ц.

Идеален десерт за Велигден – рецепт за Баскиска торта од сирење што го освои светот, иако е изгорена

Т.Ц.
Се вчитува....