13:51 - 3 април, 2026

Крем супа од тиквички и босилек, „а ла минут“ ручек за комплетно задоволство

Најдобар ручек е оној кој не треба да го пржите, варите, печете…Оваа кремаста супа од тиквички ќе ви дојде како спас по стресниот работен ден, а непцето ќе ви биде многу благодарно. 

Потребни намирници (за 4 лица)

половина килограм тиквички,

1/2 главица кромид,

200 мл млеко,

100 грама свеж босилек,

1 чешне лук,

2 лажици исцеден сок од лимон,

2 лажици маслиново масло,

малку лимонова кора (изрендана),

сол и црн пипер.

Подготовка

Во блендер ставете ги исечканите тиквици и исечканиот кромид. Миксајте додека добиете глатка смеса. Во смесата полека додавајте го млекото, маслото, лимоновиот сок и листовите босилек. Посолите и наросите црн пипер, а на крајот додадете ја изренданата кора од лимон.

Вака подготвената супа може да ја чувате во фрижидер пред да послужите.

Слични објави

(Видео) Мажена, па разведена со две деца: Стојне Николова изненади со нова приказна

Еспресо

(Фото) Александра Пријовиќ во луксуз од 50.000 евра – дијаманти од 43.700 евра и чанта од 8.900 евра

Еспресо

По долго време, се огласи пејачот Ѓорѓи Крстевски со посебен повод

Еспресо

(Видео) Стара снимка од Здравко Чолиќ од теретана го „запали“ интернетот – вака вежбал легендарниот пејач на времето!

К.С.

(Фото) „Кај одиме вакви?“: Маја Гроздановска – Панчева и Сергеј споделија ретро фотографија

Еспресо

(Фото) Вака се славеше роденденот на сопругата на Сергеј Ќетковиќ, цела естрада на едно место

Еспресо
Се вчитува....