4.8 C
Скопје
18:08 - 26 декември, 2024

Храна за добар сон: Пет производи во кои можете да уживате безгрижно и доцна во ноќта

Колкупати ви се случило да огладнете доцна навечер, но веднаш ви текнува дека безброј пати имате прочитано дека по 19 часот не е здраво ниту препорачливо да јадете?

Паѓате во искушение да направите сендвич, да земете некои грицки, но сепак се откажувате и гладни одите на спиење. Тоа не треба да биде така, бидејќи постојат производи што ќе ве заситат, а нема да го загрозат вашиот здрав начин на живот.

Зобена каша
Докажано е дека јаглехидратите ослободуваат серотонин, кој го смирува мозокот. Порција зобена каша со млеко е најдобар избор пред спиење.

Сок од цреши
Едно истражување од 2011 година, докажало дека две чаши сок од цреши дневно (наутро и навечер), го зголемуваат нивото на мелатонин, кој го прави сонот поквалитетен.

Топло млеко
Чаша млеко пред спиење е стар рецепт за добар сон. Покрај тоа што содржи аминокиселина триптофан, која се поврзува со спиењето, делувањето на овој пијалак најмногу е психолошко.

Јаткасти плодови
Богати се со магнезиум, кој има смирувачки ефект на мозокот и го подобрува квалитетот на сонот. Бадеми, ореви и кикирики се само некои од јаткастите плодови што секогаш морате да ги имате дома.

Нискокалорично сирење (кашкавал)
Калциумот има слично дејство како имагнезиумот кога станува збор за спиењето. Стручните лица препорачуваат околу 50 грама сирење (или кашкавал) навечер, кое може да го јадете во комбинација со неколку крекери.

Слични објави

Село Вишни, духовното гнездо на канонизираната светица Спаса Вишенска: Порта низ која минува душата

еспресо

(Фото) Едно поинакво доживување! Не пропуштајте го рафтингот во Анталија, адреналинско искуство за паметење!

Еспресо

Ново издание на туристички водич за Македонија каде раскажувањето е со љубов

еспресо

(Фото) Ви ги претставуваме Herbalife Pецептите: Вкусно патување кон лесна и здрава исхрана со Herbalife

Еспресо

Украси за елка што се јадат: Миризливи ѕвездички (традиционален германски рецепт)

Еспресо

Брз славски колач за Света Петка: Рецепт што ќе го запомните

Еспресо
Се вчитува....