01:16 - 7 април, 2026

(ФОТО+РЕЦЕПТ) ШЕФ БРАНКО ПОПОСКИ: Здрав омлет што ќе ви даде енергија и ќе ве држи сити!

На наше задоволство и чест, страничките на еспресо.мк ги разубавува и популарниот шеф Бранко Попоски, познат под псевдонимот „Готвиме со Бранко“ („Cooking with Branko“).

Овојпат шеф Бранко ни подготвува здрави оброци за подобро здравје! A за утрешниот појадок ви предлага здрав омлет. Оброк кој нема да ви одземе повеќе од 10 минути, а ќе ви даде ситост и енергија за вашите утрински обврски.

Здрав оброк подготвен со здрави состојки. 

Потребни состојки:

👉 3 јајца
👉 5 лажици овесно или бадемово брашно
👉 Неколку пачиња моцарела или урда
👉 Половина лажичка хималајска сол
👉 Малку бибер
👉 Малку сушен босилок
👉 Рукола
👉 1 лажичка пречистен путер

За кремот:

👉Протеински крем
👉 Една рендана свежа краставица
👉 Половина лажичка хималајска сол
👉 Малку бибер и сув босилок
👉 Малку маслиново масло
👉 Микро-гринс цвекло

фото: приватна архива

Јајцата матете ги заедно со овесното/бадемовото брашно. Додадете ги зачините, а во тава претходно растопете го пречистениот путер.
Откако ќе се загрее, истурете ја смесата во тавата и пржете додека не се испржи во форма на тортиља/палачинка. Врз смесата додадете листови моцарела или урда. Преклопете од едната страна. Сервирајте со свежа рукола.

Протеин кремот измешајте го со краставицата. Додадете ги зачините и микро-гринс цвеклото.

Вкусен и здрав појадок за здравје секој ден!

#CookingWithBranko

фото: приватна архива
фото: приватна архива
фото: приватна архива

(ФОТО+РЕЦЕПТ) ШЕФ БРАНКО ПОПОСКИ: Рецепт за протеински ролат

Слични објави

Данијела Мартиновиќ одбележа четири години љубов: „Се заљубивме на Велигден“

Еспресо

Која е тајната на успехот на Јаков Јозиновиќ, новиот глас на љубовта во регионот кој за неколку дена ќе настапи во Скопје

Т.Ц.

Милица Тодоровиќ ѝ го честиташе роденденот на мајка си: Сподели емотивни моменти од семејниот дом

Еспресо

(Видео) Теа Таировиќ е бремена? – Пејачката изведе „жесток“ танц, но нејзиниот стомак на сите им падна во очи

E.A.

(Видео) Посебна почит: На гробот на Шабан Шаулиќ оставена златна крунa со скапоцени камења

Еспресо

Крај на шпекулациите: Неда Украден откри дали била во врска со Тони Бијелиќ

Еспресо
Се вчитува....