06:04 - 22 декември, 2024

(Фото) Дворот како предизвик, радост и најдобра терапија за душата: Весна ни ги отвора вратите на нејзиниот цветен рај

Весна Качурова Коцева по професија е инженер по технологија за текстилна конфекција и работи на струката. Смета дека не постои човек кој нема љубов кон цвеќињата, посебно кога се поседува голем двор и неговото уредување станува предизвик за домаќинката. 

Цвеќето бара да се сака, тоа си бара љубов и внимание, и кога тоа ќе го добие, ви пружа многу повеќе отколку што очекувате. Пружа убавина на душата, радост, релаксација како ниедна друга терапија. Фото-приватна архива

Тоа важи и за Весна. Дворот се наоѓа во Валандово и се простира на 600 метри квадратни.

– За уредување на дворот во нашиот дом сум претежно одговорно јас – ни открива Весна – имено, јас ги купувам цвеќињата по претходно осмислен план каде кое цвеќе да биде засадено, а во одгледувањето ми помага и сверкрвата, па така, кога сум јас на работа, таа ја презема грижата околу наводнувањето.

Во овој преубав двор доминираат темјанушките, за Весна – најубавото и најотпорно цвеќе. Ги засадува во ноември и непрекинато цветаат сè до јуни. А потоа, на истото место засадува далија, петунија и сифинија.

– Морам да нагласам дека цвеќето го познава исклучиво од снаа ми, сопругата на мојот брат, Гуда Качурова, која професионално се занимава со одгледување на цвеќе и кај неа го има најубавото цвеќе кое секогаш успева. А исто така, со одгледување на цвеќе се занимава и нашиот сосед Милан Гугичев, па така кога е во прашање уредувањето на нашиот двор не треба да се оди далеку по цвеќе, го имаме на претек во нашето опкружување.

(ФОТО) ВО РАЈСКОТО ДВОРЧЕ НА ГУДА ВО МОНОСПИТОВО: Тука цвеќињата пеат заедно со птиците

Весна понатаму ни објаснува дека меѓу најзастапените цвеќиња во нејзиниот двор е и цвеќето винка.

Прекраната винка има сјајни, светлозелени листови и цветови со пет латици кои може да бидат еднобојни во сите нијанси од бела до виолетова, а понекогаш имаат и средишен дел во друга боја.

– Винка е многу издржливо цвеќе, посебно на местата кои се изложени на сонце преку целиот ден – додава Весна.

Но тоа не е сè кога ги набројуваме цвеќињата. Тука има раскошен индијски јоргован, рододендрон, хортензии и и дрвја каталпи, а од саксиско цвеќе има сардели, бегонија, гарденија, и уште многу други саксиски убавици.

– За убав изглед на еден двор е потребно доста време, од наводнување до ставање прихрана на секое цвеќе и запрашување против бубачки и болести. Значи секое попладне е воглавно резервирано за дворот и околу дворот, вклучувајќи го задолжително и кафето со некоја од сосетките кои исто така имаат прекрасно уредени дворови – ни раскажува Весна.

Весна вели дека не постои цвеќе кое не изобилува со своја убавина, но сепак, ако мора да издвои, нејзино омилено цвеќе е орхидејата.

– Таа се истакнува со посебна убавина дури би ја нарекла и кралица на цвеќето – вели Весна и додава – Многу е тешка за одгледување, цвета ретко, ама додека те радува со цвет не можеш да ѝ се изнагледаш. Орхидејата ја чувам исклучиво во домашни услови, порак прозорец. Исто така имам и бонсаи кое би го издвоила како омилено. А од дворско цвеќе, број еден ми е секогаш темјанушката, а по неа винката, тие се најиздржливи и едноставно не е можно да ги засадиш, а да не ти успеат.

А, кој е, за Весна, најголемиот предизвик кога дворот е во прашање?

– Дворот сам по себе е предизвик, доколку сакате да уживате во него, тој не ве остава да го запоставите, на целиот спокој што го пружа, на вкусното и омилено кафе, на ноќните седенки и муабет, пружа толку многу, а за возврат си бара нега и време – ни одговара таа.

Наместо градинарски совет, Весна ни го открива правилото за цвеќето да успее.

– Цвеќето бара да се сака, тоа си бара љубов и внимание, и кога тоа ќе го добие, ви пружа многу повеќе отколку што очекувате. Пружа убавина на душата, радост, релаксација како ниедна друга терапија.

Инаку, Весна е членка на Фејсбук групата …ДВОРЧЕТО…, група која ви ја препорачуваме да си станете член и да се изнагледате преубави објави!

Уживајте во прекрасната фотогалерија.

Фото – приватна архива

Двор под винова лоза од 2.500 квадратни метри во село Пепелиште: Блазе ѝ на вредната Донка што и сопругот има златни раце!

 

Слични објави

Луна и Марко открија колку заработуваат од Јутјуб: „Доволно за еден луксузен стан во Белград!“

Еспресо

(Фото) Јована Јеремиќ му се обрати на својот татко со низа трогателни пораки: „Сите ќе умреме! Ако ме нема утре, напишав историја“

Еспресо

(Фото) Цеца Ражнатовиќ без грам шминка: Вељко објави приватна фотографија од семејната вила

Еспресо

(Видео) Црногорската инфлуенсерка ја шокираше јавноста со својата изјава: Деца, ако учите, ќе можете да ми го миете автомобилот

Еспресо

(Фото) Ќерката на Цеца скршена по страшниот напад во Загреб: Анастасија се огласи со срцепарателна порака

Еспресо

(Видео) Рапер брутално убиен на паркинг: Се појавија вознемирувачки снимки

Еспресо
Се вчитува....