07:02 - 5 септември, 2026

Добро е да се знае: 5 совети кои треба да ги имате на ум кога купувате домати

Иако многумина мислат дека е лесно, сепак, бирањето на свеж, сочен и совршено зрел домат и не е така едноставна работа. Кога веќе сте решиле да платите за оваа исклучително здрава намирница, тогаш, научете се и како да ја одберете.
Со редовното консумирање на овој зеленчук, значително ќе му помогнете на вашето тело да ги „надополни“ намалените количества на калиум, калциум, натриум и магнезиум кои имаат исклучително важна улога за одржувањето на имунитетот. Како да одберете добар домат?

Внимателно набљудувајте ја кората на доматот
Доколку доматот има темно црвена боја, без на неа да има видливи набори или пак пукнатини, најверојатно станува збор за свеж плод. Светлата боја на кората на доматот или пак светло розевата боја, ви открива дека производот најверојатно сеè уште не ја достигнал својата зрелост бидејќи бил набран пред да биде вистинското време за тоа.
Домат кој треба да избегнувате да го купувате е оној кој на прв поглед има набори на кората или пак одредени темни точки. Ваквиот домат најверојатно веќе започнал да се расипува.

Помирисајте го
Еден од најдобрите начини за да ја утврдите свежината на доматот е да го помирисате. При мирисањето на плодот, доколку почувствувате дека мирисот му е навистина интензивен, тогаш во вашите раце го имате вистинскиот домат. Доколку пак додека мирисате не ја почувствувате вистинската арома на зрел домат, во тој случај оставете го плодот и побарајте си нов. Доматите кои не мирисаат убаво, немаат ниту убав вкус.

Притиснете го плодот со врвовите на прстите
Зрел и квалитетен домат најдобро се чувствува на допир. Тој треба да биде доволно цврст за да можете да го притиснете со прстите без да се плашите дека ќе ви „експлодира“ во рака, а истовремено да не ви биде претврд што пак би било доказ дека е недоволно зрел.

Складирајте ги правилно
Доматите кои веќе сте решиле да ги купите, обидете се и да ги складирате правилно за што е можно подолго да им ги зачувате нивната боја, арома но и хранливите состојки и витамините. Затоа, најдобро е да ги чувате на собна температура, а во фрижидер ставајте ги само доколку планирате да ги готвите.

Слични објави

Тони Цетински се појави на суд: Аферата со лажните ковид-потврди наскоро добива епилог!

Еспресо

Сузана Манчиќ за љубовта со Иван Гудељ: „Беше најпосакуваниот ерген во Југославија“

Т.Ц.

Миа Костова повторно реагира за жешките училници: „Да не јадевте гурабии пред две години, ќе ги климатизираа сите“

Еспресо

Ана Николиќ влегува во „Елита 10“: Ги поставила овие услови, а хонорарот е неверојатен

Еспресо

„Секогаш позитивен, енергичен, полн со живот, полн со љубов“ – Во Струмица ќе се подигне спомен-обележје за тапанарот Џоко од ДНК, кој загина во пожарот во Кочани

Еспресо

(Фото) Дарко Лазиќ се испоти во теретана! Фолкерот се соблече, а жените останаа без здив!

Еспресо
Се вчитува....