12.8 C
Скопје
14:20 - 29 март, 2026

Чоко-лешник торта

Состојки:
(состојките мерете ги со иста чаша од 200 милилитри)

600 милилитри јогурт
две чаши шеќер
една чаша масло
една чаша кокосово брашно
две чаши брашно
три лажички какао
две лажички сода-бикарбона
500 милилитри слатка павлака за шлаг
9 лажици чоко-лешник крем

Подготовка:
Изматете ги јогуртот и шеќерот, па додајте ги маслото, кокосовото брашно, па брашното помешано со какаото и содата. Сето ова добро измешајте го и ставете го во подмачкан плех (25 х 35) што претходно сте го премачкале со путер. Пандишпанот печете го во претходно загреана рерна на температура од 200 степени околу 25 минути.
Испечениот пандишпан премачкајте го со убав слој крем. Изматете го шлагот, додајте 5 лажици крем, па продолжете да матите со миксер. Премачкајте врз тортата.
Оставете да се излади и да се стегне, па исечете ја на парчиња.

Слични објави

Предлог за ручек: Полнети компири со мелено месо и кашкавал

Еспресо

Сака сенка, но не поднесува вишок вода – како правилно да ја одгледувате бегонијата?

Еспресо

Италијанскиот „град со две мориња“ е хит на Тикток: „Не би сакале да станеме Чинкве Тере, бидејќи тоа би ја уништило автентичноста на градот“

Еспресо

По повод Светскиот ден на вафлите, ви носиме рецепт за совршено крцкав и мек десерт

Еспресо

Рецепт за превкусни посни шпагети со доматен сос

Еспресо

Како да ги освежите лалињата во вазна? Градинарка откри добар трик, откако тестирала три методи

Еспресо
Се вчитува....