3.8 C
Скопје
18:26 - 21 декември, 2024

(ФОТО)ЗРНЦЕ ПО ЗРНЦЕ ДО СОВРШЕНСТВО: Софија Лепојевиќ создава ремек дела со монистра

Веќе 12 години велешанката Софија изработува уникатен накит од монистра. Нејзините изработки се нејзиното секојдневие, ја изразуваат нејзината креативност и нејзината уникатност.

– Започнав оддамна и многу случајно, во рацете ми дојде едно списание ,, Практика ” во кое беше објаснета француската техника на нижење на монистра. Тоа е нижење на жица и од неа обликување цветови или други форми. Тоа беше почетокот, а немав ни јадички за обетки, немав ни копчиња, сето тоа го измислував и правев јас, се додека да најдам каде се продаваат сите други потребни материјали. Се пронајдов во ова бидејќи мојата креативност доаѓаше до израз. Можев да направам се што ќе замислев, се што ќе видев, па дури и што ќе ми речат да им направам – ни раскажува госпоѓа Лепојевиќ.

фото: приватна архива

Традиционалното, исткаено и нанижано во модерно парче накит. Љубовта кон својата земја, историјата и културата на Македонија и македонскиот фолклор се главната инспирација за госпоѓа Софија. Затоа таа ја создала својата колекција ,, Везилка “.

– Го сакам традиционалното, ги имам сочувано носиите од мојата баба, кои потекнуваат од Егејска Македонија, носиите од свекрва ми, тие се мој показател од каде потекнувам и каде одам. Од таму ја црпам инспирацијата. Ако гледам пеперутка, ја гледам македонската пеперутка. Дури и сама си ги направив разбоите за ткаење на монистрата.

Секоја работа има своја тежина. Софија ја одбрала најтешката форма на оваа техника, работи само со најситните монистра за да ги прикаже своите креации во најуникатно светло.

– Комплексна е и многу тешка, затоа што на почетокот јас прво правев шема по која ќе работев, па следеше усогласување на боите па нижењето. Кај нас е тешко и да се најде добри монистра, набавувам од Грција, Чешка, Германија. Со ситната монистра можам да ги потенцирам и најситните детали, со крупна неможам. Очите ми настрадаа први, ама не се откжувам. – ни раскажува Софија.

Возраста за госпоѓа Софија не е пречка туку е предност. Иако работата со монистра си носи одредена жртва, на крајот уживањето во оваа работа е многу поголемо.

– Иако знам дека од време на време морам да ја зголемам диоптријата, сепак не ми пречи. Ми претставува огромно задоволство. Исполнета сум во оваа работа и се пронаоѓам во оваа техника – ткаењето на монистра. Долготраен процес е и одзема многу време, но тука не ги чувствувам моите поминати години или возраста.

Креативсноста не познава години, доказ за тоа е Софија која има уште многу идеи кои чекаат да бидат исткаени во едно ново уникатно дело кое ќе создаде нова македонска приказна после ,, Везилка “.

*

Овие написи може да ги следите и во групата … ДВОРЧЕТО …, група во која има едно чудо разноразни убавини, и која ви ја препорачуваме да ја посетите и да си станете нејзин член!

УЖИВАЈТЕ ВО ФОТО ГАЛЕРИЈАТА:

фото: приватна архива

МАГИЈА ВО ДВОРОТ И ДОМОТ НА ВИКТОРИЈА: Сакам сè да блеска и да биде волшебно!

Слични објави

(Фото) Јована Јеремиќ му се обрати на својот татко со низа трогателни пораки: „Сите ќе умреме! Ако ме нема утре, напишав историја“

Еспресо

(Фото) Цеца Ражнатовиќ без грам шминка: Вељко објави приватна фотографија од семејната вила

Еспресо

(Видео) Црногорската инфлуенсерка ја шокираше јавноста со својата изјава: Деца, ако учите, ќе можете да ми го миете автомобилот

Еспресо

(Фото) Ќерката на Цеца скршена по страшниот напад во Загреб: Анастасија се огласи со срцепарателна порака

Еспресо

(Видео) Рапер брутално убиен на паркинг: Се појавија вознемирувачки снимки

Еспресо

Хороскоп за 21 декември: Овните се оптоварени со љубовта

Еспресо
Се вчитува....