09:57 - 12 ноември, 2026

Зошто се појавува хроничното воспаление и како да се победи

Научно е докажано дека постојаното воспаление во организмот може да се претвори во тивок убиец, кој сериозно ќе го наруши здравјето. Се поврзува со кардиоваскуларните болести, дијабетесот тип 2, автоимуните болести, Алцхајмеровата болест и ракот.

На Универзитетот „Харвард“ истакнуваат дека три до пет смртни случаи може да се спречат ако го намалиме воспалението во телото, иако тоа ни е природен механизам за одбрана во телото.

Воспалението настанува кога имунолошкиот систем ги „испраќа“ белите крвни зрнца да го одбранат од вирусот, бактериите и токсините и краткорочно е исклучително важно правилно да работи системот на одбрана. Меѓутоа, краткотрајното воспаление може лесно да се претвори во долгорочно и хронично и тогаш го загрозува здравјето. Најлесниот пат до хроничните воспаленија најчесто се нездравите животни навики, начинот на исхрана, постојаната изложеност на стрес од каков било тип.

Стресори се и различните токсини од нашата околина, постојаните благи бактериски или вирусни инфекции, физичките повреди, алкохолот и дебелината. Ако постојано сме изложени на стресорите, имунолошкиот систем повеќе не препознава кога треба да застане и постојано реагира со состојби на зголемени воспаленија.

Стручњаците од Медицинската школа на „Харвард“ објавија совети со кои хроничното воспаление може да се победи и така да се спречи појавата на некои болести.

ЧЕКОР 1: Јадете ги оние намирници што ќе му помогнат на организмот правилно да функционира. Има многу совети за антивоспалителни диети, но голем број не се темелат на докази и често не се препорачливи на долги патеки. Внесувајте здрави масти (масло од ленено семе, маслиново масло и јаткасти плодови). Бобинките содржат многу антиоксиданти што го намалуваат воспалението. Моќен антиоксидант е кверцентинот, кој помага во намалување на хроничното воспаление, а е присутен најмногу во кромидот и лукот, зелениот и црниот чај. Јадете повеќе спанаќ, зелен лиснат зеленчук, бидејќи содржат висок процент на противвоспалителни соединенија. Куркумата и ѓумбирот се наоѓаат на самиот врв на листата намирници во борбата против воспалението.

ЧЕКОР 2: Размрдајте се. Изненадувачки малку аеробни вежби се потребни за да се намали хроничното воспаление. Ако поголем дел од денот седите, дури и кратка прошетка од 15 минути до половина час има изненадувачки поволен ефект на здравјето. Дотолку повеќе што претераното вежбање и исцрпување на телото, може да предизвика воспалителен одговор на телото.

ЧЕКОР 3: Доведете ја телесната тежина во нормала. Телесната тежина, дури и повеќе од што мислиме влијае на здравјето. Стомачната дебелина докажано доведува до создавање воспалителни процеси, бидејќи масните клетки поттикнуваат создавање на воспалителни параметри. За почеток, значајно намалете го внесот на шеќери и заситени масти.

ЧЕКОР 4: Потрудете се доволно да спиете. Недоволниот и лошиот сон ќе влијаат на нивото на енергија во текот на денот, расположението и ефикасноста на работата, но исто така, може да му наштети и на срцето. Развивањето хигиена на спиење помага ова да се спречи и да се будите одморени. Легнувајте навреме, одржувајте ја просторијата проветрена, не јадете пред спиење и не користете електронски уреди во спалната соба.

ЧЕКОР 5: Ако пушите, престанете. Откажувањето од пушењето може да резултира со намалување на хроничното воспаление во организмот за само неколку недели по престанокот на пушењето. Ако не успеете сами, побарајте стручна помош.

ЧЕКОР 6: Ограничете го внесот на алкохол. Алкохолот ја нарушува функцијата на црниот дроб и дигестивниот систем, а двата се клучни во намалување на воспалението.

ЧЕКОР 7: Избегнувајте хроничен стрес. Стресот може да го прошири воспалението и да поттикне влошување на многу хронични болести како што се ревматоиден артритис, срцеви заболувања, депресија… Постојат многу начини да се справите со стресот, има разни техники за релаксација, кои се многу ефикасни, од престој на отворено, јога, медитација, до рекреативни спортови, развој на хоби, одржување социјални контакти итн.

Слични објави

Се разбудивте со главоболка? Еве што открива науката за причините и кога треба да побарате помош

К.С.

Зошто во ноември постојано сме уморни и без волја? Овие знаци можат да укажуваат на сезонска депресија

К.С.

Може со години да го оштетува организмот без да почувствувате ништо — тивката опасност што го зголемува ризикот од мозочен удар

К.С.

„Знаењето ве прави добар лекар, но човечноста лекар на кого пациентите му веруваат“: приказната за амбицијата, посветеноста и човечноста на д-р Марио Јакимовски, специјализант на Клиниката за хематологија

Еспресо

Искуство на пациент на Клиника „Жан Митрев“: Средба што зборува за доверба, благодарност и живот

Еспресо

Ништо повеќе не ве радува, иако животот ви изгледа нормално? Што е анхедонија и како да ја препознаетe

К.С.
Се вчитува....