26.8 C
Скопје
15:52 - 2 јуни, 2026

Слабејте здраво! Колку вода треба да пиете за да ги стопите наталожените маснотии

Доколку сакате да си ги зголемите шансите за побрзо намалување на вишокот килограми и диетите кон кои се придржувате да имаат побрз и поефикасен ефект, мора да го зголемите пиењето на вода на дневна основа.

Секоја диета и начин на намалување на вишокот на килограми подразбира намален внес на висококалорична храна, но и пиење многу вода. Препорачаната доза што секој човек мора да ја испие во едно деноноќие е околу два литра, односно околу осум чаши вода.
Сепак, ако сакате да си ги зголемите шансите за побрзо намалување на вишокот килограми и диетите кон кои се придржувате да имаат побрз и поефикасен ефект, мора да го зголемите пиењето вода на дневна основа.

Сѐ зависи од тоа колку килограми имате

За да не се најдете во недоумица околу тоа колку вода треба да пиете според вашата телесна тежина, тим од лекари и нутриционисти изготвиле еден вид табела, која јасно посочува колку секој човек треба да пие вода.

1. Ако имате 60 килограми, потребно е во текот на денот да испиете околу 2 литра вода.

2. Доколку сте тешки само пет килограми повеќе, односно доколку вашата моментална телесна тежина е 65 килограми, во тој случај треба да се обидете секојдневно да пиете по шест чаши вода или по 2,2 литри вода.

3. За оние чијашто телесна тежина е 70 килограми, задолжителното количество испиена вода треба да биде нешто повеќе од 2,3 литри вода.

4. За луѓето што се на диета, а имаат од 75 до 80 килограми, најсоодветно би било кога секојдневно би испиле по околу 2,5 литри вода.

5. За сите оние што навистина се борат со вишокот килограми и нивната моментална телесна тежина изнесува од 85 до 95 килограми, потребното количество вода која задолжително мора да ја испијат е 3,5 литри вода.

6. Најризичната категорија луѓе, односно оние што имаат повеќе од 100 килограми, мора веднаш да го регулираат начинот на исхрана, да почнат со вежби за зацврстување на телото и со избегнување на внес на храна богата со маснотии и шеќери. Исто така, задолжително мора да внесуваат и поголеми количества вода, која не треба да изнесува помалку од четири литри дневно.

Совети како да го постигнете тоа

Доколку наведената количина вода ви изгледа премногу и сметате дека многу тешко ќе успеете да се придржувате кон овие правила, во тој случај за да си ја олесните работата, обидете се да ги следите следните совети:

1.Пред секој оброк, испијте две чаши вода. Доколку јадете трипати дневно, на овој начин ќе успеете да го внесете потребното количество во вашиот организам.

2. Веднаш штом ќе се разбудите наутро, испијте една чаша вода. За да има подобар вкус и лесно да ве расони, во неа можете да додадете и ливчиња свежо нане или малку сок од лимон.

Слични објави

Душко Тошиќ го отвори паричникот: На ќерките Атина и Ника им купил луксузни недвижности

Еспресо

(Фото) Антониа во безгрижна игра со Киан: Во вакво издание не ја знаеме

Еспресо

Карлеуша го обвини Душко Тошиќ за физички напад: „Не сакам моето име да се поврзува со него“

Еспресо

Лука да не те нервира: Оригинална роденденска честитка од Тијана за Тамара

msp-admin

Вино и поглед: Ретка слика од Здравко Чолиќ во опуштено издание

msp-admin

(Фото) Порасна синот на Јоце Панов: Лука е копија на татко му

Еспресо
Се вчитува....