18.8 C
Скопје
12:01 - 27 април, 2024

Пенелопе Круз полни 46 години: Во врска со стареењето постојат само добри работи (ФОТО)

Атрактивната шпаска глумица Пенелопе Круз денеска полни 46 години. Таа важи за една од најсексапилните жени во светот и скоро секоја година се наоѓа на листата на најубави жени на светски познатите магазини.

Во едно интервју Пенелопе зборуваше за нејзиното детство и за почетоците на кариерата кога имала само 15 години.

Да издржиш со примања кои ги имаа моите родители, беше навистина тешка работа. Секогаш ги имавме само основните работи, но во исто време имавме толку многу љубов и јас сум исклучително благодарна за детството што го има. Никогаш не можете да кажете „фала“ премногу пати. Благодарноста секогаш ќе ви донесе само позитивни работи“, вели Пенелопе.

profimedia

Кога била мала сакала да биде фризерка.

Кога имав девет години, поминував неколку часа во фризерскиот салон на моите родители, па дури и денеска им правам фризури на оние кои ќе ми дозволат. Всушност, една од моите најдобри пријателки, Селма Хаек е онаа која секогаш ми дозволува да правам што сакам со нејзината коса. Се сеќавам, еднаш бев кај неа дома и снема струја додека и правев фризура, па запаливме свеќа за да продолжиме, а работата стана толку интересна што таа дури ми дозволи и да и ја скратам косата“, се присетува Пенелопе.

Instagram

Пред да и се посвети на глумата Пенелопе била девет години балерина:

Сите ножни прсти ми се свиткани. Стапалата ми крвареа од премногу танцување, а ноктите ми отпаѓаа и ми стануваа црни. Кога сега си ги гледам нозете, тие имаат големо значење за мене“, раскажа Пенелопе.

На 17 години се појавила сосема гола во една епизода од еротската серија „Serie rose“, а подем во кариерата доживеала во 2001 година со филмот „Vanila sky“, во кој главната машка улога ја толкуваше Том Круз. На снимањето се родила љубов меѓу нив двајца, но врската ја признаа дури кога Том Круз и официјално се разведе од Никол Кидман, а ја прекинаа во 2004 година.

Instagram

„Стравот е нашиот најголем непријател. Тоа е нешто што може буквално да ве парализира. Тоа е чувство кое може да влијае на голем број одлуки, па јас секогаш се борам против него. Не сакам да ме лиши од слободата која ја поседувам.“, вели Пенелопе.

По врската со Том Круз таа конечно ја најде љубовта на нејзиниот живот со кого е во брак седум години. Станува збор за популарниот актер со шпанско потекло, Хавиер Бардем, кој исто така важи за еден од најпосакуваните мажи во светот.

Кога и да ме прашаат како се чувствувам во врска со стареењето, јас го прескокнувам одговорот. Како некој може да ви го постави тоа прашање кога имате 25 години? Во врска со стареењето постојат само добри работи. Ние во Шпанија така гледаме на оваа вечна тема“, вели глумицата.

 

Слични објави

Од Клиника „Жан Митрев“: Усвојувањето нови знаења е секогаш предизвик, но и возбудливо искуство

еспресо

Ангио тимот од Клиника „Жан Митрев“ повторно во акција

еспресо

Интервју со д-р Горан Јовиќ, хирург уролог во Клиника „Жан Митрев“: Мажите барем еднаш годишно треба да се јавуваат на уролошки преглед

еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Депресија – како настанува и како да си помогнеме

еспресо

Светски ден за подигање на свеста за аутизмот

еспресо

Интервју со д-р Никола Христов, специјалист по кардиоваскуларна хирургија во Клиника Жан Митрев

еспресо
Се вчитува....