0.8 C
Скопје
17:33 - 22 декември, 2024

Не фрлајте ја кората од портокал – Доколку се користи вака, го лекува срцето, ги смирува воспаленијата, го регулира притисокот!

Кората од портокал е можеби и полековита од самиот плод…


Повеќето ја фрлаат корта од портокал, а тоа е голема грешка. Многумина не се свесни дека самата кора е побогата со витамини и минерали и други хранливи материи кои имаат неверојатни лековити својства.


Во кората има 200 пати повеќе влакна отколку во самиот плод, но и два пати повеќе калциум, 55 видови на флавоноиди и повеќе од 170 различни видови на фитонутриенти. Во кората од портокал се наоѓа многу мала количина на маст, додека холестеролот и натриумот воопшто ги нема.

Фото: Профимедиа


Можете да користите свежа кора или да ја исушите и од неа да направите чај. И една друга варијанта носи многу бенефити и убавина и здравје за целиот организам.


Еве за што се е добра кората од портокал:

Го штити срцето
Чајот од кората од портокал ќе го заштити срцето така што ќе го регулира нивото на крвен притисок, а тој е еден од најчестите виновници за срцевите болести.


Го зајакнува имунитетот до максимум
Добро е познато дека портокалот поради големата количина на витамин Ц го подобрува имунитетот. Токму како и самиот плод и чајот од портокал еднакво поволно ќе делува на имунитетот, ќе ве заштити од настинки, главоболка, ќе го избрка хроничниот замор.
Покрај витаминиот Ц, во кората се наоѓа и голема количина на витамин А, кој исто така го зајакнува имунитетот.

Фото: Профимедиа

Има антивоспалителни својства
Звучи неверојатно, но кората од портокал ја спречува и појавата на воспаление, што е еден од важните иницијални фактори за развој на многуте тешки заболувања. Тaa има антивоспалителни својства и во организмот делува многу слично како индустриските лекови кои имаат за цел да ги запрат воспалителните процеси во човековото тело.

Ги ублажува респираторните проблеми
Доколку јадете свежа кора од портокал, ќе го исфрлите секретот и ќе ги исчистите белите дробови. Многу истражувања докажале дека кората е многу ефикасна во лекувањето на респираторните тешкотии. Ги ублажува симптомите на асма, бронхитис, а се верува и дека ги уништува клетките на рак во белите дробови.

Го уништува лошиот здив
Џвакањето на кората од портокал ќе ви овозможи многу брзо да се ослободите од непријатниот здив и да ги избелите забите.

Jа поправа состојбата на кожата
Помешајте изрендана кора од портокал и малку мед и нанесете ја на лицето. Оваа маска ќе ви го изедначи тенот и ќе ви ја врати еластичноста и сјајот на кожата.

Фото: Профимедиа


Вака се подготвува чајот:


Подготовката на овој напиток е крајно едноставна. Пред да ја употребите кората, потребно е добро да ја измиете.


Растворете лажица лимонов сок и лажица оцет во шолја вода, па потопете ја кората од портокал, со цел ефикасно да ги отстраните сите штетни материи.


Потоа чувајте ја кората на темно место додека да се исуши. За тоа е потребно малку подолго време, околу еден месец. Исушената кора тогаш можете да ја подготвувате за чај.

Исушената кора се прелева со врела вода и се остава да отстои 5 минути. Потоа слободно можете да уживате во одличниот оригинален вкус на овој чај.

Слични објави

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Хируршки третман на израстоци – бенигни тумори на кожа

Еспресо

Интервју со проф. д-р Гордана Адамова, експерт по перинатологија: Вештачката интелигенција е од помош, но експертот го има последниот збор

Еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Кератоконус – оштетување на рожницата

Еспресо

Ласерска корекција на диоптрија во Европска очна болница: Враќање на видот со прецизност и експертиза

Еспресо

(Видео) Новости од Клиника „Жан Митрев“: Изведена прва неврохируршка операција со микроскоп

Еспресо

Маја Алексовска ембриолог во болницата „Санте Плус“: Лекувањето на неплодноста е тешка, но не е неостварлива задача

Еспресо
Се вчитува....