7.8 C
Скопје
22:49 - 1 април, 2026

(Фото) Вработените на Клиничката болница „Жан Митрев“ донираа крв за Институтот за трансфузиона медицина

Вработените на Клиничката болница Жан Митрев, предводени од д-р Митрев заедно со медицинскиот и немедицинскиот персонал доброволно даруваа крв и испратија порака за хуманост и подигнување на свесноста за потребата од дарување на течноста што живот значи. Доброволната крводарителска акција беше реализирана во организација на Институтот за трансфузиона медицина Blood Bank TENK и во присуство на доброволци од Црвен крст на Република Северна Македонија.

Ваквите акции што се спроведуваат редовно во Клиничката болница Жан Митрев, имаат големо влијание и придонесуваа за подигање на здравствената култура и јавната свест за постојаната потреба од крводарителство. Со масовното учество и во оваа крводарителска акција вработените уште еднаш покажаа дека како колектив поседуваат високи етички, хумани и морални вредности.
Во доброволната акција еднакво се вклучија и членовите на потесните семејства на вработените и се солидаризираа и тие доброволно даруваа крв.

Крводарителската акција се спроведува редовно и премина во традиција која ја поддржуваат и се вклучуваат сите вработени. Се организира согласно потпишаниот меморандум за соработка за крводарителство со Институтот за трансфузиона медицина „Blood bank – TENK“.

 

Слични објави

(Фото) Од Тоскана право во Задар! Шиме ја пречека својата Маја Шупут како вистински џентлмен

Еспресо

Мили призна дека имал пороци во младоста: „Пушев марихуана, но музиката ми е најсилна дрога“

Еспресо

Емотивна објава на синот на Халид Бешлиќ по победата на босанската репрезентација: „По смртта на тато, ова ми е прва радост, тој ќе беше горд на вас“

Еспресо

Полната Месечина на 2 април носи пресврт – што го очекува вашиот хороскопски знак?

Т.Ц.

Кои емотикони никако не треба да се користат при допишување?

Т.Ц.

„Ми недостигаат нашите гушкања“ – Се разоткрија флерт-пораките на принцот Хари со новинарката

Т.Ц.
Се вчитува....