-1.2 C
Скопје
05:52 - 19 јануари, 2025

Дали морковите се навистина добри за вашите очи? Интересна приказна која датира од Втората светска војна

unsplash

Можеби те слушнале дека морковите можат да ви го подобрат видот, но дали сте знаеле од каде потекнува ова?

Во Втората светска војна авони на британското воено воздухопловство среде ноќ успешно нападнале германски авиони. Сите се прашувале како во темната ноќ, успеале да го направат тоа без никаква технологија, како успеале да ги детектираат?

Од Министерството за храна на Обидинетото Кралство (кое веќе не постои) објасниле дека тоа било затоа што пилотите јаделе многу моркови, пренесува „Scientific American“.

unsplash

Имало дури и пропагандна кампања за тоа дека консумирањето моркови го избриструва видот на пилотите кои упевале да ги „симнат“ непријателските авиони и во мрак. Овие реклами ги охрабрувале цивилите да го сторат истото кои верувале дека така подобро ќе функционираат за време на прекините на струја.

Но, години подоцна се дознава дека не биле морковите заслужни за победата на непријателот, туку новата радарска технологија што се користела за забележување и соборување на авиони. Тие сакале да го сокријат фактот дека ја имаат новата технологија, па затоа на некој си ја измислил приказната со морковите. Но, не погрешиле многу кога станува збор за здравствените придобивки од морковот.

unsplash

Дали морковите помагаат за здравјето на очите?

Кој и да ги раширил гласините за придобивките од морковите за време на Втората светска војна, навистина знаел дека морковите се добри за очите.

Морковот содржи бета каротен, кој нашите тела го претвараат во форма на витамин А, кој е неопходен за здравјето на очите. Повеќето луѓе добиваат доволно витамин А преку здрава исхрана.

Некои луѓе имаат недостаток на витамин А поради лоша исхрана, алкохолизам или проблеми со апсорпција на витамини. Во некои случаи, недостаток на витамин А како резултат на лоша исхрана или неухранетост може да предизвика слепило.

Витаминот А им помага на луѓето да гледаат во услови на слаба осветленост. Ако не внесувате доволно витамин А, рожницата (чистиот дел од предната страна на окото) може да исчезне.unsplash

Витаминот А кој може да го добиете од морковите нема да ви овозможи да гледате во темница, но може да помогне при дегенерација на макулата односно центарот за вид, се вели во студијата „Age Related Eye Disease“. Студијата открила дека бета каротен, витамин Ц, бакар, витамин Е и цинк се витамини и минерали кои помагаат во процесот човекот да не се соочи со проблеми со видот.

Преземено од Слободен Печат.

Слични објави

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Празнувајте безбедно

Еспресо

Групација „Санте Плус“ се прошири со уште една болница во Скопје: „Санте Плус 3“ е резултат на визија и на посветеност

Еспресо

Новости од Клиника „Жан Митрев“: Придобивки од дигитализација и интеграција на податоци во медицината

Еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Хируршки третман на израстоци – бенигни тумори на кожа

Еспресо

Интервју со проф. д-р Гордана Адамова, експерт по перинатологија: Вештачката интелигенција е од помош, но експертот го има последниот збор

Еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Кератоконус – оштетување на рожницата

Еспресо
Се вчитува....