23:11 - 10 јануари, 2026

Бидете задоволни со својот надворешен изглед: Подгответе уникатен коктел за слабеење

Напитокот што ќе ви го регенерира целиот организам се состои од само две состојки и воопшто не е тежок за подготовка

Слабеењето е долг и макотрпен процес доколку не знаете како да ја комбинирате храната.
Кога станува збор за намалувањето на телесната тежина, освен физичките потреби, кај луѓето се создаваат и проблеми што се поврзани со недостигот на слободно време, кое е потребно за да се „затворите“ во кујна и да подготвите оброк каков што е наложен во начинот на исхрана според кој сте решиле да се водите за да ослабете.

Сето тоа предизвикува нов стрес за организмот. Затоа, избегнувајте да следите строги режими на исхрана, со кои се гарантира дека ќе ја постигнете посакуваната телесна тежина ако во конкретен ден, јадете конкретно посочена храна.

Со оглед на денешното темпо на живот, кога секој од нас брза во исполнување на секојдневните обврски, тоа би било многу напорно. Затоа, за да имате вита става, секогаш барајте го полесниот начин за да ја постигнете целта.

Освен што комплетно ќе ја исфрлите храната богата со масти, холестерол и шеќер, за да ја постигнете целта, можете да подготвувате и коктел за слабеење.

За 30 дена, пет килограми помалку

Ако сакате секое утро наместо кафе да пиете коктел од кефир и сливи, тогаш успехот дека наскоро ќе ја имате посакуваната тежина е загарантиран. Освен тоа што ќе ослабете, со овој напиток ќе го прочистите и организмот од наталожените токсини.

Не само што е здрав и што многу ќе помогне да ја подобрите работата на цревата, со помош на овој напиток без притоа да внимавате на исхраната или да вложувате каков било дополнителен труд, во рок од триесетина дена ќе ослабнете од три до пет килограми.

Со редовното консумирање на овој напиток освен што ќе ги намалите килограмите, ќе го намалите и обемот на телото, особено во делот на стомакот.

Потребни ви се само две состојки

Напитокот што ќе ви го регенерира целиот организам се состои од само две состојки и воопшто не е тежок за подготовка. Сѐ што е потребно е да земете околу 250 грама кефир, во кој ќе додадете поголемо количество свежи сливи и малку вода за да биде редок и да можете да го пиете.
Откако ќе ги измешате потребните состојки, со блендер убаво измиксирајте го напитокот и внесувајте го наместо појадок. Покрај редовното консумирање на кефирот во комбинација со сливи, за да се постигне посакуваниот ефект, задолжително во текот на денот мора да консумирате најмалку два литри вода за да се одвива непречено процесот на детоксикација.

Ќе се чувствувате подобро и ќе го намалите обемот на стомакот

Токму кефирот и сливите најдобро влијаат врз работата на дигестивниот систем што е многу важно за луѓето што имаат т.н. мрзливи црева.

Кефирот важи за најмоќен пробиотик, кој не само што е пријатен за цревата, туку на организмот му делува и како антибиотик, а исто така помага и во борбата со остеопорозата, астмата и одредени видови алергии.

Од друга страна, пак, сливите се познати по своето лаксативно дејство и веќе долго време се користат за решавање проблеми со запек. Сливите во својот состав изобилуваат со растителни влакна, кои се многу важни за редовна столица, а исто така го намалуваат и чувството на глад и на нелагодност во стомакот.

Слични објави

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Дигестивното здравје за време на празниците

Еспресо

Новости од Клиника „Жан Митрев“: Нова сала за минимално инвазивни интервенции

Еспресо

Новости од Клиника „Жан Митрев“: Успешно оперирана ретка срцева аномалија кај предвремено родено бебе

Еспресо

Новости во Клиника „Жан Митрев: Бесконтрасно коронарно стентирање

Еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Како да се заштитиме од респираторни вирусни инфекции

Еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Дебелина кај деца – што да се прави?

apostolova
Се вчитува....