8.8 C
Скопје
21:00 - 16 март, 2026

ЗАБОРАВЕТЕ НА УТРИНСКОТО КАФЕ: Моќен напиток за расонување и енергија преку целиот ден

Овој напиток е идеална замена за утринското кафе и секој оброк кој досега сте го појадувале. Да подготвите супер здрав и интересен пијалок без да потрошите многу пари е полесно отколку што мислите.

Она што е предност кај ваквите пијалоци е фактот што не ви требаат многу намирници, па затоа производите кои ви се потребни како состојки ќе ви траат некое време, а бидејќи се ставаат во мали количини, ќе можете да ги користите повеќе пати.

Смутито е многу популарен пијалок и можеби единствениот напиток во светот во кој можете да ставите разни видови на овошје и зеленчук, а истиот да остане вкусен. Веќе е познато дека овој пијалок го забрзува метаболизмот, но исто така го поттикнува и разградувањето на масните клетки.

Тој е хранлив и освежувачки, а истиот може да биде одличен сојузник во губење на вишокот килограми, а притоа ви дава енергија многу повеќе од утринското кафе.

Потребни состојки:

• ½ шолја незасладено бадемово млеко

• половина замрзната банана

• ½ шолја замрзнати цреши (вишна или некое црвено овошје)

• 1 лажичка какао во прав

Подготовка:

Ставете ги сите состојки во блендер и мешајте додека не добиете кремаста текстура. По потреба, додадете бадемово млеко за да ја добиете посакуваната густина.

Ваквото смути е совршен напиток за секој дел од денот, а за негова припрема можете да користите намирници кои најмногу ви одговараат.

Слични објави

„Ведра, весела и преталентирана“: Цеца со емоции се присети на Ксенија Пајчин

Еспресо

Работи зад кулисите и има моќни сојузници: Која е „ледената дама“ Сузи Вајлс, за која Трамп денеска објави дека има рак?

Еспресо

Гоца Тржан јавно ѝ призна на хрватската пејачка: Со години те гледам гола и се „палам“ на тебе!

Еспресо

Ако пролетните алергии и за вас се ноќна мора, еве како да си помогнете

Еспресо

(Фото) Ова е последната фотографија од Ксенија Пајчин! 48 часа пред смртта била со овој маж, се снимале во автомобилот

Еспресо

Што мислите, колку пати луѓето вистински се вљубуваат во текот на животот?

Еспресо
Се вчитува....