15.8 C
Скопје
17:06 - 10 март, 2026

Во брокулата има повеќе витамин Ц отколку во портокалите

Јадењето брокула ќе помогне да го зачувате здравјето и виталноста на телото. Според многумина, токму овој зеленчук е еден од најлековитите што ни ги дала природата.

Како доказ за тоа се податоците добиени од многубројните истражувања направени околу лековитоста на ова растение, но и од добиените искуства од луѓето на кои брокулата многу им помогнала во надминување на здравствените проблеми.

Брокулата во својот состав содржи голем број витамини и минерали. Па така, во една средно голема брокула е концентриран витамин А кој ги задоволува потребите на човекот за едно деноноќие. Исто така, во истата количина од ова растение има повеќе витамин Ц отколку во еден портокал.

Брокулите се богат извор и на витамини од групата Б: Б1, Б2, Б3, Б5, Б6, Б9 (фолна киселина). Тука е и витаминот К, како и железото, калциумот, калиумот, магнезиумот и цинкот. Меѓу другото, во составот на брокулата се наоѓаат и големи количини растителни влакна и фитохемикалии.

Лековитите моќи на брокулата досега многупати се покажале во практиката. Имено, ова растение успешно помага во борбата против одредени типови рак (рак на дојка, рак на матка, рак на простата, на внатрешните органи т.е. на белите дробови, на црниот дроб и на бубрезите).

Брокулата помага и во решавање одредени стомачни проблеми, поради фактот што е богата со растителни влакна, со магнезиум и многу витамини, кои помагаат да се намали вишокот киселини во стомакот. Срцевите заболувања исто така се на листата на болести што можат да се излекуваат со редовно јадење брокула, но се разбира заедно во комбинација со редовната терапија. Во составот на брокулата освен антиоксиданти има и многу растителни влакна, бета-каротен, омега-3 масни киселини и витамини, кои го намалуваат нивото на „лош“ холестерол, го регулираат крвниот притисок и со тоа ја одржуваат нормалната работа на срцето.

Освен фактот што брокулата е еден од најздравите зеленчуци, исто така важи и за нискокалорична храна за оние што внимаваат на својот надворешен изглед.
Токму затоа, на правилата на познатата брокула диета се препорачува да придржуваат сите што сакаат да го намалат вишокот килограми, но и да ги исчистат токсините од телото.

Слични објави

Сопругата на Дарко Лазиќ бесно возврати: Државата не ни го плати ниту одморот, ниту враќањето од Малдивите!

Еспресо

Јаков Јозиновиќ по скандалот со откажаниот концерт на Цецински: „Ние продолжуваме да шириме љубов“

Еспресо

(Фото) Еве како изгледа единствениот син на Тони Цетински: Живее далеку од Хрватска и има успешна кариера

Еспресо

„Ми се врати детето“: Луна Ѓогани конечно во прегратката на мајка ѝ и ќерките по драмата на Блискиот Исток

apostolova

Необична слика од Маја Панчева, пејачката изненади од рано наутро

msp-admin

Здравко Чолиќ ја бакна сопругата на Тарик Филиповиќ: Оваа приказна ја сподели Лејла за него

msp-admin
Се вчитува....