11:12 - 31 март, 2026

Витаминот Д и омега-3 помагаат кај старите лица против зараза со коронавирус

Редовното земање витамин Д и омега-3 киселини го зајакнува имунолошкиот систем кај постарите луѓе до тој степен што може да им помогне да избегнат да се заразат со коронавирусот, покажа најновата студија.

Двата суплементи се важни за добро здравје и може да се најдат во рибиното масло.

Една студија, спроведена на повеќе од 2.000 пензионери, покажува дека земањето на овие додатоци значително го намалува ризикот од зараза со коронавирусот, а доколку дојде до заболување, тие имаат многу поголеми шанси за закрепнување, пренесува „Дејли мејл“.

Професорот Хајке Бишоф-Ферари од Универзитетот во Цирих, Швајцарија, кој ја водел студијата, рекол дека земањето на овие суплементи е од големо значење за постарите луѓе.

Нашите истражувања покажуваат дека витаминот Д и омега-3 киселините кај постарите луѓе кои имаат повеќе од 70 години, а кои водат активен животен стил и немаат придружни болести, немаат прекумерни придобивки кога станува збор за состојбата на коските, меморијата и моторните функции. Меѓутоа, ние веруваме дека има ефект врз инфекциите, како што е ковид 19 – рекол тој.
Биле испитани 2.157 здрави мажи и жени постари од 70 години и утврдено е дека 11 отсто од нив имаат поголема отпорност на инфекциите.

Слични објави

Вака подготвениот појадок го држи шеќерот под контрола и го намалува ризикот од дијабетес

Еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Фејслифтинг – хармонија помеѓу годините и природната убавина

Еспресо

Веќе не е јаболковиот оцет, нов „чудотворен напиток“ се пие за здравје и убавина – експертите предупредуваат да се внимава

Еспресо

Што да јадете ако имате проблеми со холестеролот?

Еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Менструален циклус – што е во рамките на нормалното?

Еспресо

Многумина го игнорираат овој ран симптом на деменција: Предупредувачки знак може да се појави и при качување по скали.

Еспресо
Се вчитува....