00:50 - 11 јануари, 2026

Вистинско чудо: Се разбудила од кома по 59 дена на респиратор, еден ден пред да ја исклучат од апаратите

facebook

Американката Лиза Мартин (59), мајка на четири деца, ја напушти болницата на новогодишната ноќ по 95 дена поминати на интензивното ковид одделение.

За тоа време, лекарите во Џорџија правеле натчовечки напори да ја спасат. Лиза била 40 дена во идуцирана кома и дури 59 дена на респиратор, а за време на престојот во болницата таа претрпела и тежок мозочен удар.

Иако нејзините шанси да преживее биле мали, се случило вистинско чудо, пишува „Бизнис Инсајдер“.

Нејзиното неверојатно патување вклучува 59 дена на респиратор, 40 дена во индуцирана кома и преживеан мозочен удар на фронталниот лобус“, објавија од болницата.

Персоналот на болницата во Џорџија во безнадежност го повикале семејството на Лиза замолувајќи ги да донесат одлука жената да се отстрани од апаратите.

Семејството, кое длабоко верувало дека Лиза сепак ќе преживее, решило да чека максимум 11 дена пред да даде конечен одговор. Одлуката била тешка и цело време се молеле Лиза да добие трошка сила да ја продолжи својата животна борба.

Бог имал различни планови. Точно на 11-тиот ден, кога семејството требаше да нè извести за одлуката, Лиза се разбуди од кома и ја помрдна раката“, велат од болницата.

Оваа храбра жена потоа била испратена во две други болници за дополнителни третмани и рехабилитација. Нејзиното закрепнување вклучувало повторно да учи да оди, да зборува и да јаде.

Морам да носам кислород 24 часа на ден и морам да пешачам со помагало или во инвалидска количка ако имам намера да поминам подолго растојание… Лекарите веруваат дека со текот на времето ќе се опоравам целосно“, вели Лиза.

facebook
Семејството Мартин / Facebook

Една од нејзините ќерки вели дека искушението низ кое поминувало нивното семејство ги сменило нивните животи на подобро.

Дали ми беше тешко за мајка ми која се зарази со ковид-19 и се најде на работ на смртта и сега се бори да се врати во нормала? Апсолутно! Но, ако Бог преку мајка ми сакаше да покаже дека луѓето треба да бидат големи борци и никогаш да не се предаваат како што не се предаде таа, благодарна сум што ја избрал токму неа“, изјави ќерката на Лиза.

Преземено од Слободен Печат.

Слични објави

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Дигестивното здравје за време на празниците

Еспресо

Новости од Клиника „Жан Митрев“: Нова сала за минимално инвазивни интервенции

Еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Кога и зошто прв ортопедски преглед кај новороденчето

Еспресо

Новости од Клиника „Жан Митрев“: Успешно оперирана ретка срцева аномалија кај предвремено родено бебе

Еспресо

Новости во Клиника „Жан Митрев: Бесконтрасно коронарно стентирање

Еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Џеј-џеј стент – современо безболно решение за блокиран бубрег

Комецијален текст
Се вчитува....