10.8 C
Скопје
20:19 - 4 декември, 2025

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Џеј-џеј стент – современо безболно решение за блокиран бубрег

Хидронефрозата, уште позната како блокиран бубрег, е состојба при која поради пречки во бубрежниот канал, бубрегот не може да ја испразни урината од своето корито и доаѓа до застој, до степен на преполнување.

Симптомите зависат од степенот и начинот на преполнување и може да бидат акутни или хронични, парцијално или целосно затнати. Може да се манифестираат во форма на нагони за гадење и повраќање, покачена температура или треска, зачестена повремена и силна болка во слабината што се движи кон стомакот. Понекогаш може и да нема никаков симптом. Оваа состојба не смее да се занемарува. Задолжителен е третман, бидејќи долгорочниот застој придонесува за намалена функција и оштетување на бубрезите.

Причините за блокирање на бубрегот може да се од различно потекло. Најчесто е предизвикано од постоење камен во мочните патишта или чести уринарни инфекции. Понекогаш блокадата може да е вродена, или да станува збор за Ормондов синдром. Но можно е да е предизвикана и од тумори. Стеснувањето на мочоводите како резултат на третман со зрачна терапија во абдомен или мала карлица исто така предизвикува застој во бубрезите.

Доколку оваа состојба настане и во двата бубрега, тогаш се смета за ургентна состојба и мора итно да се третира, најпрво поради зачувување на бубрежната функција, но и поради навремено исфрлање на течностите од телото, кои инаку би се задржале во нозете, белите дробови или во абдоменот.

Во минатото оваа состојба секогаш се третирала со отворена хирургија, но по воведувањето на ендоскопските техники, третманот се врши преку природните отвори. Се мести т.н. џеј-џеј стент (J-J stent), односно цевче што води од бубрегот до мочниот меур и има за цел да го празни блокираниот бубрег. Оваа метода што вклучува вградување ваков стент во нашата болница се применува без пациентот да почувствува болка.

Фото: Промо

Во краткотрајна интравенска анестезија пациентот заспива и не чувствува ништо. Со цистоскоп се навлегува преку природните патишта. Откако ќе се најдат отворите на уретерите (мочоводите од бубрегот до мочниот меур) се инстилира контраст во нив, при тоа со рендген се прават слики со цел да се визуелизира целиот уретер. Со оваа снимка доста често можат да се видат и причинителите што го затнуваат бубрегот. Потоа се поставува хидрофилна жица, односно жица тенка колку влакно од коса за да може да ги надмине сите опструкции по патот, а воедно да не направи повреда по самите мочни патишта. Потоа по патот на жицата се поставува џеј-џеј стентот. Зафатот трае меѓу 30 минути и 1 час. По завршената интервенција пациентот си заминува дома.

Оваа метода може да се примени и кај трудници. Во тој случај или кај пациент кај кој постои огромно стеснување, интервенцијата се прави со уретерореноскоп. Најпрво со мала камера се гледаат мочоводите и рачно камерата се води до бубрегот, воедно се гледаат и причинителите за настанување на стеснувањето, а потоа низ камерата се вметнува џеј-џеј стентот.
Доколку уринарните патишта се целосно блокирани и не постои никаква можност за воспоставување пат до затнатиот бубрег, тогаш понатамошниот третман опфаќа класичен хируршки зафат, каде што со отворена метода се одвојува блокадата и се креира нов мочен пат на бубрегот со мочниот меур.

Постои и уште една метода што може да се примени. Тоа е перкутаната нефростома, односно привременото формирање надворешен отвор на кожата низ кој блокираниот бубрег ќе се празни. Оваа метода се изведува во локална анестезија под компјутерска томографија при што со игла се доаѓа до блокираниот бубрег. По патот на иглата се вградува ,,моно-џеј стент“ (MonoJ stent) или цевче преку кое бубрегот ќе се празни.

По ослободувањето на блокираниот бубрег, клучно е соодветно да се следи состојбата, односно да се прават редовни уролошки контроли со цел да се намалат ризиците за појава на инфекции, енкрустрации или непосакувани миграции на стентот.

Закажете го вашиот термин за преглед во Клиника „Жан Митрев“ или консултација на 02 3091 484

Д-р Виктор Грујевски

Специјализант по урологија

Фото: Промо

Слични објави

(Фото) Марија Шерифовиќ го прослави роденденот на својот син: Балони и маскоти насекаде во домот, а таа му пееше

Еспресо

Маја Маринковиќ добила сепса! Се искомплицирало вадењето на силиконите: „Можеше да умре“

Еспресо

Новото момче на Јована Јеремиќ е милионер! Тигар има хотел во Црна Гора, а ќе отвори и ресторан во Белград

Еспресо

Од љубов до нетрпеливост: Ана Ивановиќ не сака да го види Бастијан на суд, еве како ќе го решат имотот

Еспресо

Славје во домот на Ѓани и Слаѓа: Сопругата на пејачот ги разнежни следбениците со последната објава

Еспресо

Се снима филм за животот на Лепа Лукиќ: Пејачката го ангажирала македонскиот шоумен за сценариото

Еспресо
Се вчитува....