3.8 C
Скопје
21:05 - 20 декември, 2024

Рани симптоми кои укажуваат дека детето можеби има дијабетес тип 1

Најчестиот од сите типови на дијабетес кои се јавуваат кај децата (до 95 отсто деца помлади од 16 години го имаат овој тип). Условен е со неможноста на панкреасот да создава инсулин, и се смета за автоимуна болест, што значи дека имунолошкиот систем ги напаѓа сопствените ткива и органи.
Кај дијабетесот тип 1, панкреасот ја губи способноста за производство на инсулин во доволно количество. Со текот на времето се развиваат симптоми на дијабетесот, и се разоруваат околу 80 отсто клетки на панкреасот. Не се знае колку време е потребно до тоа да дојде, но тогаш тоа е единствениот начин телото да стане способно повторно да го употреби шеќерот за енергија – надомест за изгубениот инсулин.

Тоа се постигнува со инсулинска терапија неколкупати дневно, а дневниот план на контрола, исто така, вклучува планирање на оброците, контрола на крвта и урината, и многу други тестови.
Свеста за знаците и симптомите на дијабетес кај децата, познат и како дијабетес тип 1, е важна за да се стави болеста под контрола. Децата и тинејџерите во секое доба можат да ја развијат оваа состојба, а понекогаш се јавува дури и кај бебињата.

Симптоми и знаци на дијабетес тип 1

Многубројни се раните симптоми кои укажуваат дека детето можеби има дијабетес тип 1:
– зачестено уринирање на големи количини урина;
– зголемена жед;
– сувост на устата и грлото;
– губиток на тежината;
– интензивиран апетит. Претеран глад е знак дека нема доволно шеќери во клетките и дека е телото гладно.
– чувство на замор;
– пеленски осип кај бебињата, кој не поминува со вообичаена нега;
– понекогаш потешки симптоми: губиток на телесната тежина, болка во стомакот, мачнина и повраќање;
– главоболка;
– нарушување во однесувањето;
– децата со дијабетес се почувствителни и лесно се расплакуваат;
– девојчињата со дијабетес се посклони кон чести вагинални инфекции.

Кога децата со дијабетес јадат, храната се разградува и шеќерот се ослободува за време на варењето. Тој шеќер оди во крвта и се пренесува сè до клетките. Но, панкреасот не е во можност да реагира со создавање инсулин, па шеќерот не може да влезе во клетките. Детето станува изморено, бидејќи клетките немаат енергија. Во меѓувреме, нивото на шеќер во крвта расте. Ако тоа се дозволи, густината на крвта би станала толку голема така што би бил оневозможен протокот низ вените. За среќа, бубрезите ја филтрираат крвта и се ослободуваат супстанции кои може да му наштетат на организмот.

Адолесецентите со дијабетес тип 2 треба да вежбаат
Иако дијабетесот тип 2 главно се поврзува за постарата животна возраст, во денешно време од него сè почесто заболуваат и помладите лица. За разлика од овој вид на дијабетес, кој го предизвикуваат претераната дебелина и недостатокот на телесна активност, дијабетесот тип 1 настанува како последица на автоимуните процеси во организмот, односно кога панкреасот произведува малку или воопшто не произведува инсулин.

Адолесцентите со дијабетес тип 2 треба да се поттикнуваат на умерена телесна активност во траење од најмалку 60 минути на ден. Зачестеноста на хипогликемијата поврзана за телесната активност на младите со дијабетес тип 2 е ниска поради подобрата зачуваност на контрарегулаторните механизми. Сепак, кај заболените кои се на терапија со инсулин, реална е потребата неговата доза да се намали.

Претпазливо кога е во прашање дијабетес тип 1
Телесната активност кај децата и помладите со овој тип на дијабетес е корисна и треба да се поттикнува со минимални ограничувања. Притоа треба да се води сметка за тоа дека:
– носи зголемен ризик за развој на хипоглихемија во текот на активноста, непосредно по неа или одложено (во текот на ноќта ако активноста се спроведува во попладневните или во вечерните часови).
– може да резултира со хипоглихемија, особено кај децата со слаба метаболичка контрола.
За да се избегнат опасните епизоди на хипоглихемија и/или хиперглихемија во текот на телесната активност и потоа, потребно е често или континуирано да се контролира концентрацијата на гликозата во крвта пред почетокот на телесната активност, во текот на активноста и по нејзиното завршување, како и да се адаптира дозата на инсулин и/или обезбеди примерен внес на УХ.

Третман на дијабетесот
Постојат две цели во „третманот“ на дијабетесот: нивото на шеќерот во крвта да биде што поблиску до нормалното – за да не дојде до компликации во иднина, и детето да може да живее со дијабетесот здраво и продуктивно.

Третманот на дијабетесот тип 1 се состои од:
– давање инсулински инјекции неколкупати дневно, или давање инсулин со дополнителни дози за време на оброкот.
– следење на шеќерот во крвта неколкупати дневно.
– почитување на планот на исхраната.
– телесна активност, која е проследена со додаток на храна или, понекогаш, со намалување на инсулинот.

Интензивираното уринирање и жед се често првите индикатори за хипергликемија (зголемено ниво на шеќерот во крвта) и на дијабетес. Симптомите кај бебињата и малите деца може да бидат нејасни. На пример, многу е тешко да се препознае жедта, бидејќи не можат да зборуваат. Регуларното забрзување на растот може да доведе до промени во апетитот, и во тој случај кај децата може побрзо да се појават посериозни симптоми пред да се препознае дијабетесот.

 

Слични објави

(Фото) Деколтето во преден план: Данијела Димитровска „пука“ од сексапил во целосно бела комбинација

Еспресо

(Фото) Чантата на Јелена Томашевиќ вреди колку зимување на Копаоник: Сите зборуваат за ова модно парче

Еспресо

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ ужива за сите пари: Чаша бело вино и нереална глетка на убава дестинација

Еспресо

По раскинувањето со Зоран Марјановиќ, Инди откри валкани детали за поранешниот: „Манипулатор кој ми го испра мозокот“

Еспресо

Оваа земја ќе биде засекогаш исфрлена од Евровизија? Има една причина

Еспресо

Разоткриен просекот на оценките на Јована Јеремиќ од факултет: Сакам да ги нервирам квазиинтелектуалците

Еспресо
Се вчитува....