-1.2 C
Скопје
09:37 - 23 декември, 2024

Овие симптоми откриваат дали ви е потребна гастроскопија, и како да се подготвите за прегледот

 Гастроентеролошките проблеми различно се манифестираат кај луѓето. Додека кај некои, симптомите на гастритис, Кронова болест или други дигестивни проблеми, се појавуваат брзо и интензивно, повеќето од овие проблеми се развиваат бавно и создаваат благи, но непријатни симптоми. Затоа, гастроентерозолите упатуваат на гастроскопија.

Гастроскопија е ендоскопски дијагностички преглед кој овозможува приказ на слузницата и внатрешноста на фаринксот (ждрелото), хранопроводот, желудникот и дванаесетпалечното црево (дуоденум). Овој преглед е неизбежен метод на дијагностика кај пациенти со проблеми во горниот дел на дигестивниот систем.

На кои пациенти им се препорачува да прават гастроскопија?

Првиот и многу важен чекор во гастроскопијата е препознавањето на кои пациенти таа навистина им е потребна, бидејќи станува збор за процедура што се користи само кога постои јасна индикација. Притоа, покрај индикацијата, важно е да се проценат и другите придружни фактори кои можат да ја комплицираат постапката или да го зголемат ризикот во самата изведба.

Прегледот е препорачливо да се изврши кај пациентите кои имаат:
– Болка во горниот дел на стомакот.
– ГЕРБ или гастроезофагеална рефлуксна болест која се карактеризира со чувство на враќање на киселата содржина, ждригавица или печење во градната коска.
– Гадење, повраќање или пролив кои траат подолго време.
– Црна столица или крв во повратената содржина.
– Отежнато голтање или чувство на заостанување на залците од храната, што може да биде предизвикано од стеснување или тумор во горниот дел на дигестивниот тракт.
– Патолошки резултати на наодите на други дијагностички методи (рентген, компјутерска томографија, магнетна резонанца)
– Вадење туѓо тело.
– Следење на заздравувањето на чировите или на другите воспалителни промени, односно проценки на израстоците (полипот или туморот) забележани во слузницата.

Во текот на прегледот, флексибилна цевка, која се нарекува ендоскоп, се спушта низ устата до хранопроводот, желудникот или дванаесетпалечното црево. Таа цевка има камера на крајот, која е осветлена и поврзана со мониторот, што на лекарот ќе му овозможи да ја провери состојбата на органите за да се потврди или отфрли сомнежот за неправилности, како воспаление и чирови.
За време на прегледот, лекарот може заради биопсијата и анализите да земе парче од потребното ткиво, а тоа се отстранува сосема безбедно со еднократна пинцета која се воведува низ ендоскопот. Во текот на прегледот може да се направи и фотогафија којашто можете да ја чувате поради идните прегледи. Прегледот го прави стручњак, гастроентеролог.

Кога е потребно да се оди на гастроскопија?

Лекарот ве советувал да направите гастроскопија за да откриете што ги предизвикува вашите симптоми. Резултатот ќе му помогне на лекарот да одлучи кој третман е најдобар или кои други прегледи мора да ги направите.
Гастроскопија може да се препорача поради бројни причини: проблеми со варењето на храната, анемија, нагло губење на килограмите, повраќање, крвавење, киселина од желудникот или проблеми со голтањето. Може да се користи и како техника за да проверат минатите дијагнози и дали лекувањето било успешно.

Дали може прегледот да се направи со анестезија?

Во некои здравствени установи се користи и спреј поради локална анестезија која се шприца во грлото, а ефектот е сличен на оној откако ќе примите анестезија кај стоматолог. Му помага на лекарот полесно да го направи прегледот, а и пациентот да се опушти. Во овој случај, пациентот е целосно свесен при прегледот, па лекарот може и да коментира што гледа во текот на прегледот. Анестезија може да се даде и преку игла со цел да се опушти пациентот, ако е многу нервозен и се плаши.
Во овој случај, не можете да се вратите на работа истиот ден, но ако прегледот е направен без седација, можете да продолжите со нормалните активности.

Како изгледа гастроскопијата

Гастроскопијата е мошне непријатен преглед. Не предизвикува болка, но прегледот е неуреден и непријатен. Пред самата гастроскопија на пациентот му се објаснува како да дише, како да се опушти, како и дека е пожелно да не се подмрднува. По примањето на локален анестетик во грлото и поставување на пациентот во лежечка положба на левата страна, се почнува прегледот со вовлекување на ендоскопот низ усната шуплина во хранопроводот и потоа лицето нормално дишe на уста и на нос, а секретите се слеваат во посебен сад. Прегледот трае кратко, а целта е да се направи детален преглед на системот од хранопроводот до дванаесетпалечното црево.

Како да се подготвите

Во текот на гастроскопскиот преглед, пречи каква била содржина во шуплината на дигестивниот тракт, па потребно е пациентот да дојде со празен желудник на денот на прегледот, а претходната вечер се препорачува само лесен оброк. Пациентите кои земаат лекови против згрутчување на крвта, мора да паузираат пет дена пред прегледот. Пациентите кои земаат инсулин треба да се консултираат со лекарот при закажување на овој преглед.

По завршувањето на гастроскопијата, во која не биле извршени некои од терапевтските зафати, пациентот може нормално да пие и да јаде. Повеќето пациенти се чувствуваат сосема добро многу брзо по прегледот, но некои од нив, сепак, чувствуваат одредена слабост и непријатност, па затоа се препорачува да се поштедат од поголеми напори до крајот на денот.

По прегледот, пациентите најчесто чувствуваат надуеност, со оглед на тоа што во текот на прегледот, преку апаратот се пренесува воздух, со цел подобро да се прикаже слузницата. Покрај тоа, поретко може да се појават и други нуспојави: крвавење по ендоскопско отстранување на израстокот, настанување на расцеп на слузницата поради напрегање при прегледот, како и аспирација на содржината на желудникот во дишните патишта и белите дробови.

Кога да се јавите на лекар во случај на несакани ефекти по гастроскопија?

Лекарска помош треба да побарате ако по гастроскопијата забележите:
– црна столица или повраќање крв
– болка во горниот дел на стомакот која е исклучително силна и не одговара на непријатноста како резултат на вишокот воздух
– силни болки во грлото или отежнато голтање
– зголемена телесна температура
– чувство на пукање под кожата на вратот по прегледот

 

 

Слични објави

(Фото) Ништо од венчавката вредна 600 милиони долари! Џеф Безос ја демантираше свадбата во Аспен, сè е лага! 

Еспресо

Хороскоп за 23 декември: Вагите ќе имаат љубовни проблеми, Скорпиите ќе бидат под тежок стрес

Еспресо

Славниот водител сподели тажни вести: „Никогаш нема да те заборавам, многу поминавме заедно“

Еспресо

(Фото) Сув луксуз: Петар Грашо вложил 160.000 евра во станот на планина

Еспресо

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ без трошка шминка и во лежерно издание! По славата на мајка си веднаш се врати во Севиља

Еспресо

(Фото) Потресна објава на Милиќ Вукашиновиќ: По ампутацијата на ногата, умирам од болки, дома е хорор

Еспресо
Се вчитува....