16:16 - 10 јануари, 2026

Онлајн закажување за лабораториски анализи – нова услуга во СИНЛАБ лабораторија

ПЗУ СИНЛАБ овозможи онлајн закажување и плаќање за изработка на речиси сите видови анализи и услуги. Со новата услуга приватните пациенти ќе можат да закажуваат прием и изработка на лабораториски анализи најмалку еден ден претходно, со тоа што ќе го изберат посакуваниот датум, час и анализата што им е потребна и да дојдат во лабораторијата на закажаниот термин. Онлајн закажаните пациенти се примаат по еден во закажаниот термин, со што се избегнува чекање и пресретнување со други пациенти. Термините се закажуваат на секои 15 минути. За овие пациенти и плаќањето ќе се реализира онлајн со користење на платежна картичка.

Создавањето на онлајн опција за закажување анализи ќе значи поголема достапност на услугите во СИНЛАБ и поедноставување на целиот процес, од закажување до земање примерок. Пациентите на СИНЛАБ ќе можат детално да испланираат кога да ги направат потребните анализи, без чекање и непотребни задршки. На овој начин на пациентите им е овозможено полесно, побрзо и побезбедно да ги направат потребните анализи, нешто што е приоритет во работењето на СИНЛАБ.

Линкот за закажување на крвните анализи е поставен на интернет страницата на СИНЛАБ, како посебна категорија – „ONLINE ЗАКАЖУВАЊЕ“, a внесените податоци во процесот на закажување термин се целосно заштитени и безбедни. Онлајн закажувањето засега е овозможено во СИНЛАБ Кисела Вода. Во промотивниот период од јуни до август, пациентите што ќе закажат преку овој сервис ќе може да изберат една гратис анализа, помеѓу GGT, анализа за црн дроб и анализа на мочна киселина, за болки и отоци во малите зглобови. Изборот помеѓу овие анализи ќе може да се направи во самата лабораторија.

 Комерцијален текст.

Слични објави

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Дигестивното здравје за време на празниците

Еспресо

Новости од Клиника „Жан Митрев“: Нова сала за минимално инвазивни интервенции

Еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Кога и зошто прв ортопедски преглед кај новороденчето

Еспресо

Новости од Клиника „Жан Митрев“: Успешно оперирана ретка срцева аномалија кај предвремено родено бебе

Еспресо

Новости во Клиника „Жан Митрев: Бесконтрасно коронарно стентирање

Еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Џеј-џеј стент – современо безболно решение за блокиран бубрег

Комецијален текст
Се вчитува....