01:03 - 11 април, 2026

Обрнете внимание што јадете: Како мрсната и нездрава храна влијае врз мозокот

Во деновите додека трае карантинот, многумина утехата ја најдоа во храната. Со нејзина помош се обидуваат да се изборат со стресот и да ја победат монотонијата на секојдневието. Но, кога станува збор за прекумерното јадење, главниот проблем е тоа што најчесто се посегнува по оброци што изобилуваат со нездрави намирници, кои се богати со маснотии и со шеќер.

Според резултатите добиени од истражувањата направени на Универзитетот во Охајо, јадењето само еден оброк што изобилува со поголемо количество маснотии или шеќери и тоа во текот на денот, негативно влијае врз целокупното здравје.

Ваквиот вид храна исклучително лошо влијае врз меморијата и комплетно може да ја намали концентрацијата.

Со истражувањето биле опфатени 51 жена. Ним им било испитувано нивото на концентрација рано наутро, а потоа истото тестирање им било направено пет часа подоцна, односно неколку минути откако јаделе оброк полн со незаситени масти. Второто тестирање секогаш покажувало дека испитаниците имаат пад на концентрацијата.

Иако оваа студија не докажала што, всушност, се случува со мозокот кога внесувате висококалорична храна, сепак, според резултатите, работата на мозокот многу „опаѓа“ при внес на висококалорична и мрсна храна.

Слични објави

„Разводот ѝ стои одлично!“ – Никол Кидман изгледа сензационално

Т.Ц.

Џејла Рамовиќ ја објави новата песна „1004“

E.A.

НАСА: Екипажот на Артемис 2 си ја заврши работата, сега следува најризичната фаза

Т.Ц.

„Немој да бидеш кретен!“ – бруталниот совет на Киану Ривс стана лекција за Холивуд

Т.Ц.

Неодоливиот Словенец го замени фудбалскиот терен со реално шоу и стана миленик на публиката

Т.Ц.

Сите зборуваа за нивната свадба – овој познат хирург е поранешниот маж на Мира Шкориќ

E.A.
Се вчитува....