5.8 C
Скопје
00:55 - 21 февруари, 2026

НЕПРОСПИЕНА НОЌ: Еве како да го преживеете следниот ден

Само една непроспиена ноќ е доволна за целосно да ги намали продуктивноста и менталните способности. Иако ви се чини дека ќе полудите, добра вест е дека има начин да го преживеете денот.

Обидете се да го надмудрите своето тело на следниве начини:

1. Променете ја перцепцијата

Почнете од тоа што ќе се убедите себе дека сте способни да го преживеете денот, наместо да се жалите колку ви се спие. Обидете се со позитивна мисла и ќе заборавите на уморот.

2. Држете се до зацртаниот план

Не отстапувајте од своите рутини. Ако вообичаено прво пиете кафе, па проверувате мејлови, направете го тоа и сега. Доколку го смените вообичаениот ред на нештата, дополнително ќе го збуните веќе „вознемиреното“ тело.

3. Изедете здрав појадок

Наместо бурек или сендвич, одберете салата, омлет или тестенини со зеленчук. Потребна ви е енергија за да можете да компензирате за изгубениот сон. Никако не посегнувајте по енергетски житарици или спортски пијалаци, бидејќи нивниот ефект е краткотраен.

4. Пијте доволно вода

Уморното тело побрзо ги троши резервите на вода и ве прави да се чувствувате дехидрирано. Освен што ќе пиете вода, потребно е да внесете и овошје или зеленчук богати со вода. Избегнувајте газирани сокови или солени супи, а испијте ја количината кафе која ја пиете и вообичаено.

5. Вратете го редот во спиењето

Откако го завршивте делот со продуктивноста, немојте веднаш да си легнете да спиете. Почекајте да дојде вечер, за да си легнете. Доколку спиете попладнето, повторно ќе го нарушите циклусот на спиење.

Слични објави

(Фото) Маја Шупут и Шиме не ги тргаат рацете еден од друг: Разменуваа нежности и на летот до новата дестинација

Еспресо

Марко Гачиќ откри како изгледаат прославите кај Брена и Боба: Се качуваат по маси

Еспресо

Ела Дворник објави ретки фотографии со ќеркичката, имаат голема причина за славење

Еспресо

(Видео) Северина му го честиташе 14. роденден на синот: Минав низ бури само за да те прегрнам

Еспресо

Наташа Беквалац конечно проговори за Мина и Каспер! Еве што вели за тоа дека сакал да се ожени со неа…

Еспресо

(Фото) Девојката со крилја е бремена, го очекува второто дете! 

Еспресо
Се вчитува....