15.8 C
Скопје
17:05 - 10 март, 2026

Не за џабе се рекло: „Појадокот е најважен оброк во денот“

појадок 3

Ова се пет причини поради кои не треба да го прескокнувате појадокот 

1. Ве одржува здрави

Ако го прескокнувате појадокот за да заштидете време или калории, време е да престанете. Здрав и балансиран појадок помага во правилното одржување на шеќерот во крвта. Кога избирате да не јадете наутро, во текот на денот ќе се чувствувате погладни, а и чувствтото за глад ќе дојде без предупредување.

2. Ви дава енергија

Појадокот ви помага да го почнетe денот на права нога и да си ги завршите утринските обврски, само запoмнете дека за ефект што ќе  биде како „ветар во грб“ треба да јадете балансиран појадок, со потребните хранливи вредности.

3. Ви ја одржува телесната тежина

Ако го почнете денот со калоричен појадок, кој ќе ве држи заситени, полесно е во текот на денот да не посегнете по грицки или прекумерно да конзумирате храна. Што се преведува во подобра контрола на оброците во текот на денот.

4. Ги внесувате потребните хранливи материи за вашето тело

Кога избирате да не јадете квалитетен оброк на почетокот на денот избирате да му скратите хранливи материи на вашето тело, кои не може да ги надокнадите во иднина.

5. Ви го подобрува мисловниот капацитет

Храната што претежно се практикува за појадок, му помага на мозокот да се „разгори“. Состојки што ќе го направат тоа се: леб од цело зрно, димен лосос, овес, авокадо, јајца, млеко, боровинки, праски. Шеќерите му се пријатели на мозокот.

Што треба да содржи балансиран појадок?

 

Слични објави

Сопругата на Дарко Лазиќ бесно возврати: Државата не ни го плати ниту одморот, ниту враќањето од Малдивите!

Еспресо

Јаков Јозиновиќ по скандалот со откажаниот концерт на Цецински: „Ние продолжуваме да шириме љубов“

Еспресо

(Фото) Еве како изгледа единствениот син на Тони Цетински: Живее далеку од Хрватска и има успешна кариера

Еспресо

„Ми се врати детето“: Луна Ѓогани конечно во прегратката на мајка ѝ и ќерките по драмата на Блискиот Исток

apostolova

Необична слика од Маја Панчева, пејачката изненади од рано наутро

msp-admin

Здравко Чолиќ ја бакна сопругата на Тарик Филиповиќ: Оваа приказна ја сподели Лејла за него

msp-admin
Се вчитува....