12:56 - 8 април, 2026

НАСКОРО ЗАВРШУВА БОЖИЌНИОТ ПОСТ: Што се случува со нашето тело и ум?

Шест неделниот божиќен пост завршува оваа недела. Секоја година се поствува прашањето колку овој пост е всушност здрав.

Постот подразбира воздржување од мрсна храна, но и од лоши мисли и дела. Оброците во текот на постот се состојат од житарици, риба, овошје и зеленчук. Нутриционистите тврдат дека ваквата храна поволно влијае на нашето здравје. Во текот на постот, телото доаѓа до енергија трошејќи ги резервите, a на тој начин токсините се елиминираат од организмот.

Според нутриционистите посната храна го забрзува метаболизмот, поволно делува на срцето и крвните садови, помага во борбата со алергија и мигрена, дури и помага при ПМС. Рибата која најчесто се консумира во текот на постот, го намалува нивото на лошиот холестерол.

Сепак, докторите велат дека е потребна претпазливост, со оглед на тоа што внесуваме храна со помалку протеини и масти, кои се потребни за телото совршено да функционира во секојдневието. Од огромна важност е да јадеме редовно, да внесуваме разновидна храна, а воедно и да пиеме доволно вода за да спречиме појава на главоболки.

Како правилно го завршиме постот?

Маслото и виното во текот на целиот божиќен пост се дозволени, освен среда и петок кога е наложено да се консумира храна подготвена на вода. Исто така рибата и виното можат да се консумираат во сабота и недела, како и на празниците без разлика дали се паѓаат во среда и петок.

Последната седмица пред Божиќ подразбира строг пост, тогаш не треба да јадете храна подготвена на масло, ни риба, туку само овошје и зеленчук подготвени на вода.

Слични објави

По 84 години Уран влегува во Близнаци – започнува седумгодишна ера на револуција и промени

Т.Ц.

Го заведе синот на најмоќниот Србин, а по неговата смрт ѝ замеруваа за операциите – вака изгледаше Николина Пишек некогаш

E.A.

Грчкиот пејач искрено откри: Едита Арадиновиќ ме остава без здив

Еспресо

„Беше ироничен“ – Луна Ѓогани повторно проговори за Слоба Радановиќ

E.A.

(Видео) Ивона Јо: Ми отстранија 11 килограми кожа, немам веќе болки

msp-admin

(Фото) Среќна баба: Кате од „Нели ти реков“ ги покажа внуките

apostolova
Се вчитува....