3.8 C
Скопје
01:04 - 21 декември, 2024

Кога треба да направите ПЦР-тест, за наодот да не биде лажно негативен?

„Дали е можно да сум заразен, а тестот е негативен? Ако, на пример, сте се заразиле вчера, а денеска сте се тестирале, тестот веројатно нема да го покаже тоа.

Ако мислите дека негативен резултат од тестот значи дека немате коронавирус, грешите. Многу е важно кога се прави тест за коронавирус, бидејќи може да поминат денови додека новата инфекција да се појави на тестот.

Може да поминат денови пред тестот да покаже дека некој е позитивен, пишува Си-ен-ен.

Знаеме дека периодот на инкубација за ковид-19 е до 14 дена. А, пред тоа, можете да бидете негативни на тестот и без симптоми – изјавила за Си-ен-ен лекарката за итни случаи д-р Лијана Вен.

Но, вие всушност би можеле во себе да имате вирус и можете да го пренесете на други.
Значи, ако сакате да се тестирате заради претпазливост пред да ги посетите пријателите или семејството, еве што треба да знаете:

Ако сум се заразил вчера, дали тоа ќе се покажеше денеска?

Ако, на пример, сте се заразиле вчера, а денеска сте се тестирале, тестот веројатно нема да го покаже тоа. Студијата во медицинското списание „Аналите за внатрешна медицина“ ги испитувала лажно негативните резултати од тестовите на луѓе, кои всушност, имале ковид-19.

Студијата покажала дека во текот на четирите дена од инфекцијата пред обично да се појават симптомите, веројатноста да се добие неточен, негативен резултат од тестот е 100 отсто. На денот кога луѓето почнале да покажуваат симптоми, просечната стапка на лажно негативните резултати паднала на 38 отсто. Три дена по појавувањето на симптомите, лажно негативната стапка паднала на 20 отсто.

Значи, јасно е дека резултатите ќе бидат најмеродавни ако сте тестирани неколку дена по појавувањето на симптомите, а никако денот откако сте биле во ризичен контакт. Експертите објаснуваат зошто е тоа така.

Потребно е време за вирусот да се реплицира во телото до ниво коешто може да се открие со тестирањето – рекол Џастин Леслер, автор на студијата и вонреден професор по епидемиологија на Факултетот за јавно здравје на Џон Хопкинс Блумберг.

Дали можете да бидете заразни и кога тестот е негативен?

Луѓето некако се чувствуваат сигурно кога резултатите од тестот за ковид-19 се негативни, меѓутоа, работите не се баш така. Кај луѓето кои ќе се разболат од ковид-19, симптомите можат да траат и до две недели, но просечното време е околу пет дена. Генерално се смета дека сте најзаразни два дена пред и два дена потоа – рекла д-р Рошел Валенски, шеф на одделот за инфективни болести во Општата болница во Масачусетс.

Дали е важно каков тип дијагностички тестови се прават?

Постојат два главни типа на дијагностички тестови што ги откриваат активните инфекции на коронавирусот.

Молекуларните тестови, како ПЦР-тестовите, бараат генетски материјал на вирусот. Повеќето од овие тестови се прават со помош на брис од носот или брис од грлото, иако некои може да се направат и со помош на плунката – велат од американската Администрација за храна и лекови (ФДА).

Како што наведува ФДА, овој тест е обично „исклучително точен“ и не треба да се повторува.
Антигенските тестови, честопати познати како брзи тестови, иако и некои молекуларни тестови се брзи, бараат специфични протеини на површината на вирусот, а не генетски материјал на вирусот.
Добрата вест е дека резултатите од тестот за антигенот можете да ги добиете за помалку од еден час. Лошата вест е дека поголема е веројатноста дека ќе добиете лажно негативен резултат со брзиот тест на антиген.

Ако сакате да се видите со пријателите или роднините, најдобро решение е две недели самоизолација – истакнува д-р Валенски, додавајќи дека ако тоа го направите правилно, не ви треба тест.

Правилната самоизолација значи дека не можете да извршувате некои задачи или да одите во продавница и да ја напуштите куќата воопшто.

Додавањето тест за коронавирус на списокот на претпазливост „е корисна работа, но само ако тоа е направено правилно, во спротивно ќе имате лажно чувство на сигурност“, рекла д-р Валенски.

Слични објави

„Јас не можам да пеам!“: Јелена Розга ги одложи концертите во Белград поради трагедијата во Загреб

Еспресо

(Фото) Деколтето во преден план: Данијела Димитровска „пука“ од сексапил во целосно бела комбинација

Еспресо

(Фото) Чантата на Јелена Томашевиќ вреди колку зимување на Копаоник: Сите зборуваат за ова модно парче

Еспресо

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ ужива за сите пари: Чаша бело вино и нереална глетка на убава дестинација

Еспресо

По раскинувањето со Зоран Марјановиќ, Инди откри валкани детали за поранешниот: „Манипулатор кој ми го испра мозокот“

Еспресо

Оваа земја ќе биде засекогаш исфрлена од Евровизија? Има една причина

Еспресо
Се вчитува....