19:42 - 11 ноември, 2026

Како депресијата го разболува и остарува телото

unsplash

Едно истражување покажа дека депресијата го забрзува процесот на стареење на клетките и влијае на нивното оштетување и подложноста на разни болести.
Лабораториските тестови покажале дека клетките се биолошки постари кај лица заболени од хронична депресија или кај пациенти кои имале депресивни епизоди во минатото.
Депресијата, стресот, треморот, анксиозноста, нападите на паника, но и другите чувства на немир ги скратуваат завршетоците на ДНК- теломерите, што предизвикува оштетување на клетките, стареење на телото и чувствителност на разни болести.

Научниците претходно утврдиле дека лицата кои боледуваат од депресија се поподложни на заболувања како рак, дијабетес, дебелина и срцеви заболувања.

Тоа делумно може да биде предизвикано и со нездрави животни навики како што се пушењето, претераната консумација на алкохол и телесната неактивност, но научниците се уверени дека и депресијата има учество во тоа.

Лекарите ја анализирале крвта на испитаниците кои учествувале во студијата, и резултатите ги споредиле со нивната психичка состојба.

Утврдиле дека депресивните лица или оние кои порано доживеале депресивни епизоди, имаат многу покуси теломери од лицата што немаат такви проблеми.

Теломерите биле најкуси кај пациенти со дијагностицирана хронична депресија.

Теломерите се завршетоци на ДНК, кои се сметаат за биолошки показатели на стареењето, а малку се скратуваат при секоја клеточна делба. Скратените теломери се поврзуваат со поголем ризик од развој на карцином, појава на срцеви заболувања, сенилност и прерана смрт.

Слични објави

(Фото) Семејно бегство на северот на Европа: Жељко Бебек со сопругата и ќерката во посебна авантура

Еспресо

„Многу сум си горда на себе“ — Јелена Спенџарска од Брисел за трудот и критиките зад објавите на Инстаграм

К.С.

Додека ужива со 70-годишниот милионер, Мелина Џиновиќ откри дали планира трето дете

Еспресо

(Фото) Од сомнеж за лажен профил до свадба на Санторини — „македонската Барби“ раскажа како го запознала сопругот

apostolova

Ива Бојановиќ без влакна на јазикот за помладиот дечко на Дара Бубамара: „Како да му е другар на син ми, не би можела!“

Еспресо

(Видео) Мина Костиќ им возврати на колегите по обвинувањата за кражба: „Љубомората е чудо!“

Еспресо
Се вчитува....