6.8 C
Скопје
08:12 - 20 март, 2026

Како да ги ублажите симптомите на атопичен дерматитис?

девојка, лице

Иако овие совети не се гаранција за трајно лекување на атопичен дерматитис или егзема –алергиско воспаление на кожата, сепак нивната ефикасност е делумно поддржана од научни истражувања, а некои од советите ги препорачуваат луѓе кои живеат со атопичен дерматитис.

Внимавајте на производите за туширање

Правило број еден за одржување на егземата под контрола е користење на соодветни производи за туширање кои не ја лишуваат кожата од нејзината природна заштитна бариера и не предизвикуваат сувост. Геловите за туширање и шампонот за коса гледајте да не содржат мириси и бои, бидејќи таквите состојки имаат иритирачки ефект и може дополнително да го активираат дерматитисот. Затоа најдобро е да се консултирате со вашиот фармацевт кој може да ви препорача соодветни производи.

Хидратација

Редовната и обилна хидратација спречува сувост на кожата.Секогаш бирајте богати и масни хидратантни производи. Нанесете хидратантна крема веднаш по туширањето и во текот на денот секогаш кога ќе почувствувате затегнување или сушење на кожата.

Влажни облоги

Влажните облоги помагаат во рехидрирање на кожата за време на акутна епизода на егзема, кога кожата е особено сува и чувствителна. По туширањето и нанесувањето на хидратантна крема особено на погодениот дел од кожата, облечете топла и пријатна облека под која можете да ставите завој со влажна газа. Чувајте го компресот неколку чаа или преку ноќ за да и дозволите на кожата да апсорбира што повеќе влага.

Избегнувајте топла бања или туш

Иако можеби мислите дека топлата бања или туш смирува, во случај на егзема топлата водата го прави токму спротивното – ја иритира кожата. Затоа, практикувајте млака вода.

Не се чешајте

Чешањето на сувата и иритирана кожа дополнително ја влошува состојбата. Ако не можете да одолеете на нагонот за чешање, консултирајте се со вашиот фармацевт за некој производ кој ќе ви го олесни чешањето и ќе ви ја разлади кожата.

Облечете се добро кога излегувате надвор

Студениот и силен зимски ветер може дополнително да ја исуши кожата и да ги активира симптомите на атопичен дерматитис, па затоа, во студените денови кога ќе излезете надвор, облечете се пријатно и покријте го лицето со шал ако имате егзема и на лицето.

Слични објави

Бремената Едита Арадиновиќ се огласи и замоли за помош: „Опасно се разболев…“

Еспресо

(Фото) Петар Грашо наполни 50 години: Погледнете кои ѕвезди биле на роденденската забава на пејачот

Еспресо

Нарцисот го добил името по Нарцис, момчето што се вљубило во својот одраз – прочитајте ја легендата за парадоксот на љубовта

Еспресо

„Нема потреба да ми се јавува“: Милица Тодоровиќ го прекина контактот со колега по изјавите за нејзиниот партнер

E.A.

Нивес Целзиус во 4 наутро се пожали на здравствен проблем: „Најдобро е повеќе да не снимам“

E.A.

Гога Секулиќ избегала од Русија: Го прекинала одморот поради страв од војната

Еспресо
Се вчитува....